19 Април, 2024
0.0259

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку ќе им биде платено на банките за поврат на ДДВ - Полициска акција во Љуботен

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

 Кој ќе ги плати банкарските услуги за повратот на ДДВ?

Управата за јавни приходи (УЈП) не инсталирала нов информатички систем, туку за повратот на 15 отсто од ДДВ кој треба да почне од први јули, само го надградила постојниот систем. Од УЈП за Фактор велат дека надграден е со систем за евиденција на фискалните сметки поднесени од граѓаните, но исто така биле прилагодени и постојните системи за авторизација на корисниците на информатичкиот систем на УЈП.

Фактор праша колку чини прилагодувањето на хардверот или софтеворот, а од УЈП велат дека била искористена постојната хардверска инфраструктура. Сепак одговараат дека во првата година овој проект за одредени сегменти ќе ја чини државата над 76 илјади евра.

*  Полициска акција утрово во село Љуботен, се претресуваат куќи и се бара илегален тутун

Полициски сили утрово упаднале во неколку куќи во селото Љуботен од Скопска Црна Гора и се бара тутун за виткање кој бил наменет за продажба на црно.

Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени, јавува „Независен“. Жителите велат дека тутунот што го обработуваат. им е единствена егзистенција.

*  Миноски: Во услови на мирен мандат Тевдовски не направи суштински реформи

Заев ќе биде еден од ретките премиери истовремено и министер за финансии, секако доколку предлогот за реконструкција помине во Собранието. За начинот на кој треба да функционира министерството за финансии како еден од најважните ресори во Владата анализираме со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии. Според Миноски ваквиот потег е невообичаен и непознат за светските финансиски институции. Кои политики му пресудија на неговиот наследник Драган Тевдовски, како од денешна перспектива се гледа на јавниот долг на државата споредено со тоа кога тој беше министер и задолжен за долговите, што е подобрено во начинот на кој се трошат парите од државната каса во последните две години, се неколку дилеми за кои разговараме.

Новите концесионери договорени од пред неколку години започнаа со дополнителни истражувања за злато, сребро и бакар на македонското тло минатата година. Двата концесионери започнале со истражување на можностите во месноста Црн Врв и Плавица во Кратово и Пробиштип, како и во с.Луке во Крива Паланка, каде што се бара и олово-цинкова руда, според пријавите за ревизија на геолошки истражувања за минатата година.

Цементарница Усје и АД Тајмиште, исто така еден од новодоговорените концесионери од пред неколку години, побарале елаборат за испитување дали постојат дополнителни резерви на лапорец, материјал од кои се прави цемент, односно на железната руда во Кичево. За цемент во Сопиште била заинтересирана уште една фирма, според извештајот на Геолошки завод.

*  Овоштарите се жалат за пласманот, но бројот на јаболкови стебла се зголемил

Aко ги погледнеме статистичките податоци за бројот на јаболкови стебла во земјата, бројките покажуваат раст, иако лани имаше проблем со пласманот на родот.

Во 2008 година имало 4.154 родни стебла, во 2013 година биле  4.385 стебла, а во 2018 година имало 4.724 јаболкови стебла. Ова го покажуваат податоците од Државниот завод за статистика објавени во публикацијата Северна Македонија низ бројки 2019. Има повеќе фактори кои довеле до зголемување на бројот на јаболкови стебла во државата.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?