25 Април, 2024
0.0300

УТРИНСКИ ФОКУС: Макрон во посета на Белград - Промените од „метлата“ од утре

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Може ли Макрон „да го притисне“ дијалогот меѓу Белград и Приштина?

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека се надева оти францускиот претседател Емануел Макрон, кој денес доаѓа во Белград, да ја прекине „играта“ за таксите на Приштина за српските производи.
Дачиќ, одговарајќи на прашањето дали Франција може да влијае врз Приштина да ги укине даноците за да продолжи со преговорите со Белград, изјави за Блиц дека се надева дека одговорот на оваа прашање ќе го добие директно од францускиот претседател.

„Никој не може да ме убеди дека Западна Европа, од кои Франција е еден од лидерите, како и САД, дека не може да го принуди Рамуш Харадинај, да ја смени административната одлука, со која осум месеци се скрши најважното политичко прашање“, рече Дачиќ.

Макрон доаѓа во посета на Белград, а Вучиќ за него има неколку подароци

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска доаѓа во посета на Србија.  Српскиот претседател Александар Вучиќ на Макрон му подготви неколку подароци. Меѓу нив се и коњичка сабја М1895 како и два тома извештаи од дипломатијата на Кралството Србија од Париз.

Како што пишува “Политика” Макрон ќе добие српска сабја  за подофицери и војници која била дел од наоружувањето на српските подофицери и коњаницата во 1895 година и на која има изгравирано српски грб.

Има договор кои директори ќе „летаат“: Промените веќе од утре?

Почнува неделата во која комплетно ќе заврши процесот наречен „метла“. Премиерот Зоран Заев најави дека неделава, односно веќе утре ќе се знае и кои 20 директори ќе бидат сменети од позициите и кој ќе ги наследи во фотелјите. Претходно имаше некои рокади на министерски места, иако остана впечатокот дека и покрај најавите единствена голема промена е тоа што министерот за финансии Драган Тевдовски беше сменет, а на негово место Заев си се постави самиот. 

Нема многу конкретни информации кои директори ќе „летаат“ иако според информации на Фактор промени ќе има во клучните претпријатија во државна сопственост и тоа во двете енергетски. Сепак никој не ја потврдува оваа информација, освен што и таму веќе се зборувало дека ќе следуваат промени.  Директорските смени ќе бидат зааклучени, ако се суди по најавите веќе утре на редовната владина седница.

Нови поповолни услови за кредитирање во Силк роуд банка

Кредити за вработени на определено време, зголемена максимална старост за клиент кој зема кредит, а станбените кредити без трошоци за исплата и за проценка. Ова се само дел од новините со кои Силк Роуд Банка го стартуваше второто полугодие годинава. Од јули впрочем, а согласно кредитната политика на банката се релаксираат дел од условите за одобрување на кредит со што повеќе од кредитните производи на банката ќе бидат подостапни за сите граѓани.

Во услови на зголемени потреби за пари, во време на летни одмори и планови, а кога каматите се во надолен тренд на граѓаните им станува се полесно да вложуваат дома, да прошетаат, да испланираат новина. Силк Роуд Банката од јули ги олабави дел од кредитните услови, па сега нивните производи стануваат подостапни за барателите на кредити. На пазарот понуди кредити за лица кои се вработени и на определено време.  Ако кредитобарателот има определен временски рок на договорот од 6 месеци, а работи во буџетска институција, јавно претпријатие, АД или во една од 200 најпрофитабилни компании тогаш висината на кредитот може да биде и до 10.000 евра. 

ИМА НАЈАВИ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА ЗЛАТОТО: Македонските златари се жалат дека работата оди тешко

Унца злато до крајот на годинава би можела да чини 2.000 долари, цената се очекува да продолжи да расте, а македонските златари се жалат дека тешко им оди работата.

Пособено оние златари кои работат во внатрешноста се жалат дека народот многу малку купува златен накит, затоа што луѓето се иселуваат, а младите кои се нивни потенцијални купувачи, сѐ помалку ги има во нивните општини.

„Од 2008 година цената на златото се качи многу и оттогаш навистина има стагнација. Грам злато чини 30, 35 или 40 евра, зависно од изработката. Луѓето кога ќе влезат во дуќан, го бираат она што е најевтино“, велат од златарница во Свети Николе.


УТРИНСКИ ФОКУС: Макрон во посета на Белград - Промените од „метлата“ од утре



Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи