20 Април, 2024
0.0411

УТРИНСКИ ФОКУС: Менаџерски промени во Унибанка-жртви патниците на реното во несреќата кај Драчево

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

*Менаџерски рокади во една од најбрзорастечките компании во земјава.


Г-н Коста Митровски се повлекува од позицијата во Унибанка. Тој како што соопштија од банката се повлекува од позицијата на Главен Извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на банката, сметано од 10.05.2019 година.

*Кои се џиновите на извозот?

Најголемите шест странски инвестиции во земјава лани направиле приход од 2,36 милијарди евра, а убедливо најголем меѓу нив и воопшто во целиот бизнис сектор во земјава е подружницата на британската аквизиција на „Џонсон Мети“ чиј приход од продажба е 1,75 милијарди евра и во споредба со 2017 година е повисок за 18 отсто. 

Реното преминало на спротивната лента при синоќешната сообраќајка кај скопско Драчево. Ова го покажал увидот на јавен обвинител од ОЈО.

Во несреќата загинаа сите петмина патници во реното, од кои тројца биле мажи а две жени.

Како што соопштија од ОЈО, првичните сознанија се дека несреќата се случила 15 миниту пред полноќ. Имено автомобил „рено 5“ со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Телата на загинатите се предадени на обдукција.

*ПРИКАЗНА ОД ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Како функционира село со само еден единствен жител?

Во село во околината на Кичево живее само еден единствен жител.

Пред неколку години во ова населено место имало тројца постојани жители, а денес има само еден, жена во поодминати години.

Се работи за селото Големо Црско, лоцирано на 35 километри од Кичево на магистралниот пат Кичево – Битола.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра