23 Септември, 2019
0.0208

УТРИНСКИ ФОКУС: „Мој ДДВ“ и на Ајфон - Зелено светло за НАТО за Македонија

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019

По 11 дена: И корисниците на ајфони можат да скенираат фискални за поврат на ДДВ

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека апликацијата Мој ДДВ веќе е достапна на Аpple store за корисниците на iOS. Станува достапна 11 дена по стартот на овој проект со кој на граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе им се врати по 15 отсто од платениот ДДВ.

УЈП неодамна соопшти дека за пет дена од стартот на проектот „МојДДВ“ граѓаните „заработиле“ 120.000 евра од скенирањето на фискалните сметки со своите мобилни телефони. Апликацијата до тогаш или до 5 јули ја симнале 58 илјади државјани, а очекувањата се да бидат половина милион корисници. 

Видеа кои сведочат за страшното невреме на Халкидики

Невремето кое го зафати Халкидики однесе седум жртви и направи голема материјална штета. Има и околу триесет повредени лица кои се наоѓаат во болниците во Солун, едно лице кое е потешко повредено се наоѓа во одделот за интензивна нега.

Во регионот е прогласена вонредна состојба а екипи работат на санирање на штетите.

Уште две земји го ратификуваа членството на Македонија во НАТО

Народната Собрание на Република Турција и Парламентот на Република Чешка вчера го ратификуваа Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот во Турција го потврди на Твитер шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин Бак.

"Големото народно собрание на Турција го заврши процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Како досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во процесот на евроатланска интеграција ", пишува Ашкин Бак на Твитер.
Вчера протоколот за членство во НАТО доби зелено светло и во чешкиот парламент.

Се зголемила ли свеста кај земјоделците за осигурување на своите посеви. Новите временски непогоди уништија дел од овоштарските насади, но податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат дека кај земјоделското осигурување има зголемување од над 55 проценти ако се анализира бројот на склучени договори. Иако дел од земјодлеците уште одбиваат да ги осигураат своите ниви, овој тип на осигурување има значаен раст во последните неколку години, особено минатата година.

Вкупната премија во ова осигурување пораснала за 66 отсто и во 2018 година за земјоделското осигурување изнесува над 261 милион денари. Во 2017 година премијата изнесува 157 милиони денари.   Земјоделците преку осигурувањето на своите посеви земале средства, по основ исплатени штети од 207 милиони денари.

ТАЖНА СЛИКА ВО ПРЕСПА: Невремето им зададе силен удар на овоштарите

Уништени се јаболката во повеќе села во Преспа и Ресен од невремето кое го зафати овој крај.   На удар беа овошните насади во селата Крани, Штрбово, Наколец, Љубојно, Долно Дупени. Граѓаните кои живеат во овој регион велат дека штетите се огромни и дека на одредени стебла нема ниту лист, ниту род, сѐ е уништено.

„Невремето кое ја зафати Преспа беше навистина морничаво, и на терен изгледа како да е есен, на дрвјата нема ниту листови, ниту јаболка. Јас живеам во Долна Бела Црква на 15 км од местата кои се навистина погодени од невремето. Од што ќе живеат сега луѓето? Само Господ нема им е на помош“, вели Горан Телевски, овоштар од Долна Бела Црква.

Тој апелира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство да им помогне на овоштарите со интервентно исплаќање на субвенциите за предадено индустриско јаболко.

Зошто падна потрошувачката на гас во Македонија?

Прилично поволните зимски температури во 2018 може да се каже дека се главниот фактор за намалената потрошувачка на природен гас на годишно ниво во Македонија, што може да се заклучи според потребата за истиот од гасните електрани како ТЕ-ТО, АД ЕЛЕМ Енергетика и Когел, кои заедно се најголемите потрошувачи. Но и реалниот индустриски сектор не се претргнал да се зголеми потребата за овој ресурс.

Овие три когенеративни постројки, кои од гас прават струја и топлина за загревање, потрошиле 172 милиони метри кубни и учествуваат со 68 отсто во структурата на потрошувачи, иако нивните потреби споредбено со потрошувачката во 2017-та се намалени за 17 милиони м3. Само потрошувачката на ТЕ-ТО во 2017 година изнесуваше 175 милиони..

УТРИНСКИ ФОКУС: „Мој ДДВ“ и на Ајфон - Зелено светло за НАТО за Македонија 



Можеби ќе ве интересира

УХМР: Утре и во вторник дожд и силен ветер

УХМР: Утре и во вторник дожд и силен ветер

Ѓорге Иванов ја доби тужбата против Антикорупциска

Ѓорге Иванов ја доби тужбата против Антикорупциска

Тешка сообраќајка: Загина жена од Богданци

Тешка сообраќајка: Загина жена од Богданци

Утре нова средба меѓу работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО

Утре нова средба меѓу работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО

57 американци како волонтери во Мировен корпус во Македонија

57 американци како волонтери во Мировен корпус во Македонија

ПРОГНОЗА: Денес сонце од утре дожд

ПРОГНОЗА: Денес сонце од утре дожд

Претседателот Пендаровски се откажува од државните привилегии кои му следуваат по истекот на мандатот

Претседателот Пендаровски се откажува од државните привилегии кои му следуваат по истекот на мандатот

Боки 13 денеска на распит кај Рускоска

Боки 13 денеска на распит кај Рускоска

ФОКУС НА ДЕНОТ: Три земјотреси ја погодија Албанија - Боки 13 и Катица на распит кај Русковска

ФОКУС НА ДЕНОТ: Три земјотреси ја погодија Албанија - Боки 13 и Катица на распит кај Русковска