20 Април, 2024
0.0279

УТРИНСКИ ФОКУС: Вториот телефон од „Рекет“ е најден - ДУИ во борба за МЕПСО

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

СЛУЧАЈ „РЕКЕТ“: Вториот телефон кој се водеше како изгубен, бил подарен

Обезбеден е и вториот мобилен телефон во истрагата за противзаконито влијание и перење пари, соопштуваат утринава од скопското обвинителство. Се работи за вториот телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за кој се тврдеше дека е изгубен. Телефонот како што се посочува од ОЈО бил даден како подарок.

„Обвинителството со издадено барање  до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок“, соопштија од ОЈО.

* И кадар на ДУИ е во игра: Борба за директорското место во МЕПСО

Демократската унија за интеграција, владиниот коалиционен партнер го бара директорското место во МЕПСО, дознава Фактор од свои извори. Преговoрите се во тек, брифираат и владини извори и потврдуваат дека имало разговори, на чело на оваа компанија да застане кадар од ДУИ. Сепак велат дека и покрај тоа што имало начелен договор, во текот на вчерашниот ден, разговорите оделе во насока поделбата на директорските позиции да остане таква каква што беше и пред „метлата“ на премиерот Зоран Заев со која тој смени над дваесетина директори и уште педесетина членови на одбори.

Чистката ги зафати и двете најголеми и најмоќни државни компании енргетските МЕПСО и Електрани на Северна Макеоднија. Премиерот предложи разрешување на директорот Сашо Василевски и на Драган Миновски од ЕСМ. Тој предлог треба да помине уште еден филтер, но се уште е нејсано кои ќе бидат новите луѓе кои ќе седнат во испразнетите места.

* Кој банкар од дивиденда зема 87.000 евра?

Долгогодишниот прв директор на најголемата македонска банка Хари Костов, од дивиденда инкасираше нето прилив од 87.000 евра за своите 15.000 акции и тоа во најдобрата година во историјата на банката во која бруто дивидендата по акција изнесува 420 денари, што е за 220 денари повеќе од 2011 година која е втора најдобра дивидендна година

Хари Костов, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на „Комерцијална банка“ од дивиденда на своите акции во банката за лани оствари нето приход од 87.000 евра. Ова долгогодишниот банкар го става во редот на најдобитни акционери од аспект на остварен нето приход од дивиденда на своите акции. Разликата меѓу Костов и тие акционери, домашни физички лица, е во тоа што Костов ниту од далеку не е голем акционер во банката. Тој поседува вкупно 15.000 акции или 0,66 отсто од вкупниот број на издадени акции во банката.

*  Предлог-закон за Совет за јавни обвинители за контрола над СЈО

Покрај предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство, на денешната владина седница ќе биде разгледан и нов законот за Советот на јавни обвинители кој треба да ја контролира неговата работа и да ги назначува специјалните обвинители. На денешната седница, на предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан нацрт-закон за јавно обвинителство, како и предлог-закон за Советот на јавни обвинители на РМВ, објави денеска Владата.

Одлуките за кадровските прашања на новоформираното Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција ќе ги носи Советот на јавни обвинители.. Со две третини од гласовите на Советот на јавни обвинители ќе може да се разреши и да се назначи нов лидер на ова ново СЈО

ДУИ предложи шест директори

Познати се шест имиња на директори предложени од страна на ДУИ откако шефот на Владата, Зоран Заев , минатата недела најави промена на десетици управители, нивни заменици и членови на одбори,

Како што објави Алсат, за Македонски железници инфраструктура се предлага Фестим Халили, Биро за јавни набавки – Елвадина Дика, Агенција за странски инвестиции – Арбен Вила, Македонија пат – Армир Садику, Клиника за гинекологија – Ајрула Мустафа и Банка за обнова и развој – Фарук Исмаили.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите