29 Март, 2024
0.0256

УТРИНСКИ ФОКУС: Нови министри од реконструкцијата на Влада - Од денес субвенции за електрични тротинети

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

*  Денеска ќе се гласа за новите министри, меѓу кои е и Заев

Собранието денеска во рамки на 103. седница треба да ги гласа предлозите за разрешување на членови на Владата и за избор на нови министри.

Пратениците ќе гласаат за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците и премиерот Зоран Заев за министер за финансии, функција што ќе ја извршува во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

*  Од денеска пријавување за нови субвенции за електрични тротинети и велосипеди

Град Скопје распиша два јавни повици за субвенции за електрични тротинети во 2019 година, како и за купување велосипеди за оваа година.

Електричните тротинети треба да бидат од 1 јануари годинава до 30 ноември, а ќе се исплаќа 30 отсто од сметката, но не повеќе од 7.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Барателот до Град Скопје треба да достави барање за субвенција за купување на еден електричен тротинет (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk), копија на важечка лична карта на барателот, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет од Град Скопје и оригинал фискална сметка 

*  Арсовски: Ако не се смени начинот на владеење залудно е да се сменат и сите функционери

Очекувањата кои ги имаше јавноста, експертите и политичките актери од реализирање на операцијата „Метла“ по објавата на имињата на новиот владин состав не се реализираа целосно. Напротив за дел од решенијата има критики дека се несоодветни кадри, дека дел од министрите се само прераспределни, а најмногу критики има за преземањето на функцијата прв финансиер на државната каса од страна на премиерот Заев кој се нафаќа да го води еден од најкомплицираните владини ресори. Со политичкиот аналитичар Петар Арсовски правиме рекапитулар на досегашните кадровски решенија, за тоа кои се главните предизвици со кои мора да се соочи премиерот Заев за да обезбеди вистински реформи и промени во начинот на кој функционира власта, а со тоа и владеење на правото и раст на економијата со поддршка на реалниот сектор.

*  Зоран Ставрески повикан во финансиска полиција

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески бил повикан на информативен разговор да даде исказ во Управата за финансиска полиција, потврди директорот Арафат Муареми синоќа во емисијата „24 Отворено“.

Засега Муареми не сака да обелодени за кој случај станува збор и дали Ставрески е осомничен во истиот, ниту пак за коков тип на предмет се работи.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење