УТРИНСКИ ФОКУС: Позитивен сигнал од Холандија за преговорите на Македонија со ЕУ
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2019
Вести во фокусот на Фактор ова утро..
Холандија даде зелено светло за старт на Македонија на преговорите со Европската унија.
Стеф Блок како шеф на дипломатијата кажа дека барањето на Холандија е Македонија и Албанија да бидат раздвоени во однос на преговарачкаиот процес бидејќи за Албанија било прерано.
*
Се менува статутот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе нема почесен претседатeлХристијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, откри дека најголемата опозициска партија го менува својот статут според кој ќе се избрише функцијата почесен претседател.
Поддршка доби од пратеникот Антонио Милошоски ... а детали читајте овде.
*
Институцијата без прв човек: Како се трошело во ДЗРДржавниот завод за ревизија остана обезглавен, а поради политичките пазарања во собраниските комисии оваа институција која е најважна во контролата на јавните финансии практично и да не функционира по 4 октомври кога му истече мандатот на заменикот Насер Адеми.
*Уште нескроен, буџетот за 2020 нападнат од сите страни - ќе каже ли и кому „не“ министерката АнгеловскаЗа министрите за финансии се зборува дека нивна клучна доблест треба да биде да кажат „не“ во битни моменти, ќе има ли храброст тоа да го стори министерката Нина Ангеловска, и кому ќе мора да му соопшти дека за него ќе нема пари идната година?
*
ЈПДП ќе плати милион евра за косење трева покрај патишта и автопатиЈавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во период од две години ќе плати над еден милиони евра за косење трева, плевел, грмушки, кастрење и сечење гранки и дрва, за чистење и собирање смет. Ова е предвидено во тендерот што го доби битолската компанија „Еко Клуб“, а двете страни го склучиле во август годинава.