23 Април, 2024
0.0294

УТРИНСКИ ФОКУС: Се огласи Заев по лидерската - што пријавил во имотниот лист Арслани

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Вести во фокусот на Фактор ова утро...

*

Што вози и колку е богат судијата Арслани кој го наследи Јово Вангеловски

Oд личен имот има стан од 40 м2 во Гостивар кој го дава на користење , вози Фолксваген Пасат 2.0 ТДИ 2012/2012 проценет над 1,3 милиони денари.

Во имотниот лист новиот в.д. претседател на Врховниот суд кој го наследи Јово Вангеловски од побарувања пријавил 490.000,00 денари како побарување по основ на извршена работа.

*

Компанијата што произведува струја ќе стимулира трошење на струја преку субвенционирање на клими

„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ќе издвои 3 до 4 милиони евра за да субвенционира граѓани од Кичево, Скопје, Битола и Тетово кои ќе набават клима уреди со инвертер систем и со тоа ќе ги заменат своите печки на дрва. Целта била да се намали загадувањето во овие градови, а мерката ја најавија Васко Ковачевски, генералниот директор на ЕСМ и Крешник Бектеши, министерот за економија.

*
Скопски „Вардар“ и тетовска „Шкендија“ се најголемите ривали во македонскиот фудбал. Тие лани не штеделе за плати на своите фудбалери кои важат за најплатените и најдобрите во македонското државно фудбалско првенство.
*

Вкупно 32,5 милиони денари изнесува 13-та плата која ја поделиле 297 работници во Македонски навигации, а компанијата за прв пат ја објавува како ставка во други трошоци за вработените во сопствениот извештај за 2018. Станува збор за исплатени над 800.000 евра а во оваа сума се и придонесите и данокот.

*

КАКО ВО ФИНАНСИСКАТА КРИЗА: Банкарите пуштија потрошувачки кредити, пораснаа лошите

За 7,4 проценти се зголемиле нефункционалните кредити на домаќинствата за само една година. Имено за толкав процент пораснала сумата кредити чии рати граѓаните не можат да ги вратат подолго од 90 дена во 2018 година во споредба со 2017 година. Тоа според Народната банка е најголем раст на лошите кредити по глобалната финансиска криза. Најголем дел од нефункционалните кредити на домаќинствата се потрошувачките кредити. Народната банка смета дека ова е на некаков остварување на ризиците од побрзиот раст и олеснетите услови за потрошувачко кредитирање во изминатиов период.

*

Разочаран сум од лидерската средба и и од однесувањето на опонентите, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, рече денеска лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Сепак вели дека има надеж оти решение може да има, ако партијата од другата страна, како што рече, излезе од заробеништвото.


Можеби ќе ве интересира

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии