23 Април, 2024
0.0291

УТРИНСКИ ФОКУС: Во втор круг силите ќе ги мерат Пендаровски и Силјановска

Објавено во: Македонија 22 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Изборниот резултат од првиот круг на претседателските избори ги стави во „мртва трка“ кандидатите на СДСМ и коалицијата Заедно напред и ВМРО ДПМНЕ.

На петти мај граѓанитеповторно ќе треба да избираат претседател но овој пат ќе бираат само помеѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

До вториот круг дојде бидејќи ниту еден кандидат не успеа да освои мнозинство 904.066 гласови односно .

Последните неофицијални податоци од ДИК покажуваат 99,96 отсто од гласовите.

ВМРО-ДПМНЕ во еуфорија по првиот круг - 

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ барем засега нема да оди на картата на бојкот на вториот круг на претседателските избори. Иако со критики за одредени нерегуларности и помали прекршувања на изборните правила, ВМРО-ДПМНЕ немаше забелешки за масовни злоупотреби на изборниот процес. Генерално немаше инциденти и пријави за полнење на гласачки кутии или пак силен притисок врз гласачите, појави кои сме ги имале во изборите од минатите циклуси. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нема да ги бојкотира изборите во вториот круг на гласањето со што се зголемува можноста за остварување на законскиот цензус кој изнесува 40% од сите запишани гласачи.

*Савески: Стравувам дека власта ќе посегне по нерегуларности во вториот круг за да избегне бламажа

Притисокот врз власта е голем. Нивниот кандидат, дури и со помошта на ДУИ, освои помалку гласови од тие што ги освои во 2014 година. Тоа не е толку пораз за Пендаровски, колку што е пораз за СДСМ вели во интервју за Фактор Здравко Савески од Левица.

* Јонуз: Во вториот круг ќе има комбинации кои ќе им го „загорчат животот“ на СДСМ и ДУИ

 Резултатите и очекувањата за вториот круг ги анализираме со Агим Јонуз кој смета дека се возможни нови комбинации кои би им го „загорчиле животот на владејачките СДСМ и ДУИ, а дека Заев нема повеќе време да „учи“ лекции и дека вчерашната е најголема досега.

*Колку треба да гласаат за успешни избори и што ако нема цензус? -

За претседател се избира кандидатот што добил мнозинство гласови од избирачите што гласале доколку гласале повеќе од 40 отсто од избирачите. Ова е правилото за исполнет цензус напишан во Уставот на државата. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост