29 Септември, 2024
0.0268

Утврдени пропусти: Зошто дежурниот доктор не ја прегледал сега починатата стружанка

Објавено во: Македонија 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Здравствен работник кој бил дежурен во времето кога сега веќе починатата пациентка е донесена на преглед во Инфективнмата клиника во Охрид направил пропуст и неговата одговорност ќе се утврдува од Државниот санитарен и здравствен инспекторат . Директорката на инспекторатот Иринка Сотирова денеска рече дека се уште трае инспекцискиот надзор во Охридската општа болница каде не беше примена 66-годишната пациентка од Струга која потоа почина од коронавирус. Во текот на денешниот ден треба да биде готов целиот извештај, но она што досега го потврдиле инспекторите е дека има прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент.

„Инспекцискиот надзор се уште трае, но од досега добиените информации утврдено е прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точно е дека матичниот доктор има издадено упат. За сите други прашања ќе одговорам и ќе го информирам министерот во извештајот што ќе биде подготвен денеска затоа што се уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој или следниот ден на Инфективната болница во Охрид, рече Сотирова на прес-конференцијата во Владата.

Посочи дека на Инфективното одделение во Охрид работат двајца специјалисти и двајца специјализанти и медицински персонал и оти одговорноста ќе се утврдува од страна на Дражвниот санитарен и здравствен инспекторат. Инфективното одделение, како што рече Сотирова, во овој момент функционира.

Инфективното одделение, како што посочи, во овој момент работи.

По обелденувањето на овој случај, министерот за здравство Венко Филипче викендов на прес-конференција најави разрешување на директорката на Охридската болница. Предмет отвори и Јавното обвинителство. 


Можеби ќе ве интересира

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала