13 Јули, 2020
0.0205

Увозот на возила со двоцифрен раст, истокот живее од половните

Објавено во: Економија 25 Септември, 2019

На секој чекор – плацевите за продажба на половни автомобили на истокот од државата се извор за егзистенција на многу семејства. Ги отвараа во последните десетина години, а автомобилите ги носат од Бугарија, но и од другите западноевропски држави. Во Крива Паланка на главниот пат кон бугарската граница плацевите се редат еден по еден. Сопствениците велат дека немаат работа како порано и дека граѓаните помалку купуваат половни патнички автомобили.

„Имаше еден бум, но сега спласна, иако граѓаните се интересираат и купуваат, затоа што има и релативно нови и сочувани автомобили кои не се скапи, велат нашите соговорници.

Статистиката покажува дека за 17 проценти пораснал увозот на патнички возила годинава во споредба со претходната година. Имено во првото полугодие во земјава увезени се 21.239 возила, додека од јануари до јуни лани увозниците внеле 18.082 возила. Сепак најголемиот дел од овие возила се употребувани возила. Ако до јуни годинава биле увезени 16.205 употребувани автомобили, лани воистиот период увозниците внеле 13.355 полови автомобили. За цела 2018 година в земјава увезени се 30.237 возила.

Ако се анализираат годините претходно, увозот на половни автомобили во земјава има нагорен тренд. Во 2017 година биле внесени 22.964 употребувани возила, а во 2016 година 25.889 возила кои веќе се употребувани.

Бројот на нови возила кои се увезуваат исто така има нагорен тренд, ама увозот е многу помал. Во 2016 година увезени се 5.027 такви, во 2017 година , 5.446 возила, а во 2018 година 5.878 нови возила.

Државата моментно воведува нови правила за даночење на автомобилите, односно се воведува данок на моторни возила, со што тие повеќе нема да подлежат на плаќање на акциза. Согласно понудениот Нацрт-текст на законот за данок на моторни возила, кој треба да стапи восила на 1 ноември годинава, предмет на оданочување со данок на моторни возила ќе бидат новите и употребувани моторни возила кои за прв пат се ставаат во слободен промет или за прв пат се регистрираат кај нас.

Обврзник за плаќање на данокот на моторни возила ќе е лицето кое извршило внес или увезува моторно возило, лицето кое произвело моторно возило или извршило пренамена на друго моторно возило во моторно возило со цел користење на територијата на Македонија.

Начелно, данокот на моторните возила ќе се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисијата на јаглерод диоксид - CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид - CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината искажани во евра во денарска противвредност, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ЗА КАФУЛИЊА И РЕСТОРАНИ: Се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса

ЗА КАФУЛИЊА И РЕСТОРАНИ: Се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса

Пандемијата остави 147 милиони луѓе без работа

Пандемијата остави 147 милиони луѓе без работа

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, ПАЃА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Барел се тргува за помалку од 40 долари

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, ПАЃА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Барел се тргува за помалку од 40 долари

Во Дубровник двојно поевтино од лани, но туристи нема

Во Дубровник двојно поевтино од лани, но туристи нема

ИМ ТРЕБААТ 16.000 СЕЗОНЦИ: Невработените Финци ја „спасуваат“ реколтата

ИМ ТРЕБААТ 16.000 СЕЗОНЦИ: Невработените Финци ја „спасуваат“ реколтата

Во Македонија во мај само 838 туристи

Во Македонија во мај само 838 туристи

Горивата повторно поскапуваат од полноќ

Горивата повторно поскапуваат од полноќ

Нина Ангеловска: Прифатени 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

Нина Ангеловска: Прифатени 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

Финансиски друштва во Македонија: Даваат брзи кредити во кризата, иако им е тешко да опстанат

Финансиски друштва во Македонија: Даваат брзи кредити во кризата, иако им е тешко да опстанат