УЖИВАЈТЕ УШТЕ ДЕНЕС: Следи промена на времето
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2020
Уште денеска ќе уживаме во убавото време, а веќе од утре ќе има промена.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.
Максималните дневни температури ќе се искачат во Скопје до 23 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 25.
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 24, Маврово 18, Охрид 22, Битола 24, Крива Паланка 21, Берово 20,Кавадарци 26, Дојран 27.
Претходните денови имавме убаво, сончево време.