28 Март, 2024
0.0290

Уживајте во секој миг со новиот Галакси А9 (Galaxy A9)

Објавено во: Мои пари 11 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber


Самсунг Галакси А9 (Samsung Galaxy A9), смартфон создаден за сите оние кои сакаат да истражуваат, да го зачуваат и споделат моментот онака како што тие го гледаат, прв во светот претставува четрикратна задна камера. Новиот паметен телефон на компанијата Самсунг пристигнува со низа иновативни функции. Галакси А9 ќе биде достапен во Македонија во втората половина од ноември оваа година.

Галакси А9 е создаден за оние кои знаат што сакаат и се борат за да го добијат. Без разлика дали станува збор за креирање на врвна “селфи“ фотографија, или пак перфектна панорамска слика, Галакси А9 е идеалниот придружник за зачувување и споделување на секојдневните авантури.

Навистина ја разбираме потребата за значајни иновации во динамичниот свет предводен од визуелната комуникација. Надоградувајќи ја нашата традицијаво областа на развојот на камерата за мобилни телефони, ја воведуваме следната генерација технологија во рамки на целото наше Галакси портфолио. Сакаме да им дадеме на корисниците можност да ги доживеат најсовремените, врвни иновации. Драго ни е што можеме да го исполниме ова ветување и што претставуваме светски водечка технологија за камери на Галакси А9 уредот.” – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Генерален Директор на Дивизијата за ИТ и Мобилна Комуникација во компанијата Самсунг Електроникс.

Во свет во кој сите контстантно се поврзани и во кој моментите и сеќавањата, од оние секојдневните па се до оние кои се случуваат еднаш во животот, се зачувуваат и споделуваат за миг, паметниот телефон стана многу повеќе од едноставен телефон за корисниците. Затоа, Галакси А9 ги има најдобрите Самсунг иновации во областа на камерата за да им овозможи на сите корисници да постигнат и искусат повеќе и секој ден да откриваат нови можности.

Иновативната задна камера со четири објективи им овозможува на корисниците без напори да креираат динамични фотографии.

·  Двојниот оптички зум овозможува детални фотографии од близу, дури и кога се креирани од поголема далечина.

·  Ултра Широкиот објективовозможува креирање на професионални фотографии со помош на опцијата оптимизација на сцена. Со помош на функцијата за препознавање на сцени преку вештачка интелигенција, камерата сега е попаметна - може да го идентификува субјектот и да ги прилагоди поставките соодветно во истиот момент за да креира најдобра можна фотографија.

·  Со објективот за длабочинаможе рачно да се постави длабочината на полето на фотографијата и фокусот на субјектите што помага за неверојатни фотографии кои изгледаат како да се фотографирани од професионалец.

·  Со главниот објектив од 24MP фотографиите се јасни и живописни и при услови на јака осветленост и при низок степен на осветленост, во било кој период од денот.

Батеријата со капацитет од3,800mAh[1]овозможува живот без ограничувања и уживање во долготрајните перформанси на Галакси А9. Корисниците може без ограничувања да зачуваат се што сакаат, а да бришат помалку со помош на меморискиот капацитет на Галакси А9 од 128GB и можноста за проширување до 512GB.

Дизајнирани за да го олеснат секојдневното функционирање, функциите на Галакси А9 како што се“Bixby“[2], “Samsung Pay“[3]и“Samsung Health“ им овозможуваат на корисниците да користат низа поволности кои Галакси А9 ги нуди, а се однесуваат на можноста на истовремено извршување на задачи, меѓу кои и “App Pair“.

Продолжувајќи ја традицијата на Самсунг во однос на првокласниот дизајн, новиот Галакси А9 е достапен во три уникатни бои: црна, сина и розева[4], со елегантен ергономски дизајн кој совршено се вклопува во една рака и 3Д заоблено стакло на задната страна за врвен квалитет и удобност.

За повеќе информации за новиот Галакси А9 уред, посетете ги страните: http://www.samsungmobilepress.com,news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy

Самсунг Галакси А9 – Спецификации за производот

Самсунг ГалаксиA9

Екран

6.3” Full HD+ Super AMOLED, 1080x2220

*Екранот се меридијагоналнокакоцелосенправоаголникбездасезематпредвидзаобленитеагли

Камера

Задна: Четворократнакамера

  - Главна Камера: 24MP AF, F1.7

  - Телефотокамера: Двоен оптички зум, 10MP AF, F2.4

  - Ултра широк објектив : 120°, 8MP, F2.4

- Објектив за длабочина на поле: 5MP, F2.2

Предна: 24MP, F2.0

Димензии и Тежина

162.5 x 77 x 7.8 mm, 183g

Процесор

Octa Core (2.2GHz Quad + 1.8GHz Quad)

Меморија[5]

6GB RAM, 128GB + MicroSDслот (до  512GB)

8GB RAM, 128GB + MicroSDслот (до 512GB)*

*Може да се разликува во зависност од пазарот и операторот

*Меморијата достапна за корисниците е помалку од вкупната меморија, заради меморискиот капацитет кој го зафаќа оперативниот систем и софтверот кој овозможува уредот да е функционален. Реалниот капацитет на меморија достапен за корисниците варира во зависност од операторот и може да се смени откако софтверот ќе се надгради.

Батерија

3,800mAh (typical)

*Типична вредност при тестирање во надворешна лабараторија. Типичната вредност е проценета просечна вредност која ги зема в предвид девијациите во капацитетот на батеријата помеѓу различни примероци батерии тестирани во согласност со стандардот IEC 61960. Гарантиран (минимален) капацитет е 3,720 mAh. Релната издржливост на батеријата може да варира во зависност од мрежата, начинот на употреба и други фактори.

Оперативен Систем

Android 8.0 (Oreo)

Мрежа

2CA, LTE Cat.6

Поврзување

Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac (2.4/5GHz), VHT80 MIMO,  Bluetooth® v 5.0 (LE up to 2Mbps), ANT+, USB Type-C, NFC, Локација (GPS,  Galileo*, Glonass, BeiDou*)

*Покритието на услугите “Galileo“и“BeiDou“ може да биде ограничено

Плаќање

Samsung Pay (NFC)*

*Достапноста може да варира во зависност од државата, уредот, функционалностите, издавачот на картичките и продавачот

Сензори

Мерач на забрзување (акцелерометар), Скенер за отпечатоци, Жироскоп, Геомагнете сензор, Халов сензор, Сензор за близина, Сензор за РГБ светлина

Аудио

MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA

Видео

MP3,M4A,3GA,AAC,OGG,OGA,WAV,WMA,AMR,AWB,FLAC,MID,MIDI, XMF,MXMF,IMY,RTTTL,RTX,OTA

*Сите функционалности, карактеристики, спецификации и останати информации во врска со производот наведени во овој документ, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на поволностите, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и способностите на продуктот подлежат на промени без претходно известување.

###

За компанијата Samsung Electronics Co. LtdSamsung Electronics со своите иновативни идеи и технологии го инспирира светот и ја обликува иднината. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигиталните домашни уреди, медицинската опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED- уредите. За да дознаете повеќе за Samsung и сѐ ново во врска со компанијата, посетете го официјалниот портал „Samsung Newsroom



[1]Типична вредност при тестирање во надворешна лабараторија. Типичната вредност е проценета просечна вредност која ги зема в предвид девијациите во капацитетот на батеријата помеѓу различни примероци батерии тестирани во согласност со стандардот IEC 61960. Гарантиран (минимален) капацитет е 3,720 mAh. Релната издржливост на батеријата може да варира во зависност од мрежата, начинот на употреба и други фактори

[2]Достапноста на услугите“Bixby“ може да варираат во зависност од пазарот, а “Bixby voice“поддржува само“Bixby 1.0.

[3]Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата.

[4]Достапноста на бои може да варира во зависност од земјата

[5]Реалната достапност на меморискиот капацитет може да варира во зависност од фабрички инсталираниот софтвер.


Можеби ќе ве интересира

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy