20 Април, 2024
0.2893

В петок протест против судии

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Пецо Грујовски, претседателот на УПОЗ, најави дека в петок дефинитивно ќе има протест против судиите во Македонија. Како причини, првиот човек на синдикатот ја наведува праксата судиите да си ги зголемуваат платите, а при тоа од тоа да нема ништо за судската администрација.

- Како резултат на општото незадоволство од работата на Судскиот буџетски совет и кога со тие средства судиите, за кои не важат закони, си доделуваат додатоци на плати, неоправдано, а за судските службеници секогаш изнаоѓаат изговор дека нема законска основ, го искажавме денеска незадоволството и во петок во сите судови во Македонија ќе има протест со цел последно предупредување до судиите да бидат поодговорни кон судската администрација, затоа што ова повеќе вака не може, рече Грујовски.

Тој смета дека судската власт, која е независна од извршната и законодавната, треба да го промени пристапот и од тие причини е побарано синдикатот да има претставник во Судскиот буџетски совет, бидејќи како што вели тој, неговата работа е нетранспарентна. Се бара и нова дефиниција на позицијата на судската служба и претставник во Судскиот совет најмногу поради одлучувањето при дисциплинските постапки.

Грујовски рече дека засега не се размислува за штрајк бидејќи во 2016 на тој начин незадоволните биле казнети со безмалку цела плата. Протестот ќе биде пред објектите од 9.30 до 11 часот со читање на барањата.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан