Вакцинацијата на новинарите во Србија ќе почне во вторник
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2021
Вакцинацијата на новинарите кои известуваат од терен и
медиумските работници неопходни за функционирање на редакциите ќе започне во
вторник во Србија, соопшти денеска Здружението на новинари на Србија (УНС).
-Вакцинацијата на новинари и други медиумски работници против Ковид-19 ќе започне во вторник, истакнуваат од Здружението на новинари на Србија, по чија иницијатива новинарите се вклучени во приоритетните групи за имунизација“, објави УНС.
Здружението апелираше до редакциите да ги земат предвид најзагрозените колеги од дневните редакции, новинари, сниматели, фоторепортери и други кои поголемиот дел од своето време го поминуваат на терен или оние на кои здравјето им е најзагрозено поради други објективни причини.