ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР И ЗА ДЕЦА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ: Компанијата покренува ново истражување
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2021
Компанијата Фајзер го заврши пријавувањето на деца на возраст меѓу 12 и 15 години за студија со која ја тестира својата вакцина против КОВИД-19, бидејќи овој американскиот производител на лекови сака да ја прошири употребата на вакцината меѓу различните возрасни групи.
Студијата, објавена во октомври, вклучува повеќе од 2.000 учесници, се вели во соопштението на „Фајзер“, пренесува Ројтерс.
Вакцините од Фајзер и Модерна, кои се користат во САД, сè уште не се достапни за употреба кај деца поради недоволни податоци од истражувања.
Инаку, децата ретко имаат сериозни симптоми на КОВИД-19, но сепак можат да го шират вирусот.
Минатиот месец, Модерна исто така започна студија за тестирање на вакцината кај адолесценти на возраст од 12 до 18 години.