ВАКВИОТ ЈАВЕН ЛИНЧ Е ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА НА МИНИСТЕРОТ ИЛИ ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ: Се огласи Ефремов за најавата дека ќе биде казнет полицаецот кој го фрли албанското знаме
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2024
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Мартин Ефремов реагира на како што вели „јавниот линч на полициските службеници од страна на политичарите без разлика од каде доаѓа“.
- Секој полициски службеник ако згрешил треба да одговара, но за тоа во Министерството за внатрешни работи постои дисцплинска постапка преку која се утврдува одговорноста на полициските службеници. Ваквиот јавен линч на полициските службеници од страна на политичарите без разлика дали доаѓа од министерот или заменик министерот исто така е пречекорување на нивните овластувања и ставање над законите, колективните договори и постапките, посочува Ефремов.
Полициските службеници, вели тој, се тие што не заслужуваат секојдневно да бидат вмешувани во разни политички конотации за своето постапување или не постапување.
-Вие сте тие што треба да бидете политичкиот штит на нападите кои доаѓаат кон нас и да не дозволувате политиката да се меша во полицијата. Полициските службеници сакаат да слушнат кога ќе добијат повисоки плати во процент како вашиот, кога ќе бидат набавени нова униформа и возила согласно правилниците и до кога ќе бидат последни во државата за привилегии, а први за осуда и критика, пишува Ефремов.
Фото: фејсбук/мартин Ефремов
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.