ВАКВО НЕШТО НЕМАЛО ОД 90-ТЕ: Политички настан доведе до скок на фунтата
Објавено во: Економија 13 Декември, 2019
Растот на фунтата за 2.5 отсто во однос на доларот на дневно ниво, немало од деведесетите години на минатиот век.
Oва се случи по веста дека Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон однесе убедлива победа на изборите.
Фунтата се искачи на 19 - месечен максимум во однос на доларот и највисоко ниво во однос на еврото, по референдумот за Брегзит во 2016 година.
Британската фунта се тргува за 1,3516 долари.