25 Април, 2024
0.1400

Вакво невереме немаме видено со децении – град со големина на тениски топчиња паѓал во Хрватска

Објавено во: Балкан 26 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Големо невреме вчера попладне зафати дел од Хрватска, а најлошо беше во општините Голем и Мал Буковец, каде беа уништени оранжерии, а особено погоедени биле оранжериите во кои се одгледува цвеќе, и кои произведуваат половина од вкупното производство на цвеќе во Хрватска.

Невремето проследено со ветер, дожд и град со големина на „тениски топчиња“ во средата зафати дури пет жупани во Хрватска. До тамошната Дирекцијата за цивилна заштита пристигнале пријави за оштетени покриви, паднати дрвја на патишта и оштетени возила.

Погодените региони ги посетила и министерката за земјоделство, Марија Вучковиќ, и истакнала дека комисиите за проценка на штети ќе ги евидентираат штетите, додавајќи дека во цвеќарството тие се дури до 50 отсто. Посочила дека иако дел од производството било осигурано, проблематично е што има големи штети.

-  Оранжериите се уништени, а има големи штети на посевите. За среќа, тогаш немаше никој во пластеници. Да беше некој во нив, денеска ќе зборувавме за повредени, можеби и за мртви. Во разговор со жителите, а има и такви кои се прилично стари, сите наведуваат дека вакво нешто не доживеале – посочува Анѓелко Стричак за „Н1“, жупан на Велики Буковец.

Според него, штом општинската комисија ќе ја утврди првата констатација на штета, ќе прогласи елементарна непогода за областа.

-  Доколку се утврдат штетите во соседните општини, и таму ќе прогласиме елементарна непогода. Очекуваме разговор и да видиме кои се првите чекори кон надоместување на штетата. Веќе синоќа граѓаните самоиницијативно се организираа, си помагаа, позајмуваа плочки, покриваа згради... Се надевам дека во наредните денови ќе успееме да санираме барем станбени згради. Тешко ми е да проценам колку од нив се оштетени - вели тој.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)