Вангеловски не дозволил увид во „Тврдина“ и „Таргет“, му се заканува кривична пријава
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски не дозволил Советот за утврдување одговорност кај судија да направи увид во предметите на Специјалното обвинителство, “Тврдина“, „Таргет“.
Од ова тело се пожалија дека иако денеска во 11 часот дошле во судот, судската полиција не им доволила да влезат со објаснување дека забраната дошла директно од Вангеловски. Шефот на највисокиот суд барал објаснување, зошто се бара увид во списите на предметот, па дури потоа ќе одлучел дали ќе го дозволел тоа или не.
Во конкретниот случај со неовозможување на увид во списите заради прибавување на податоци и докази кои се од интерес за утврдување на фактите во врска со утврдување на одговорност на судиите кои постапувале по горенаведениот предмет, направена е повреда од страна на Претседателот на Врховниот суд, за што Советот ќе поведе и кривична постапка за негова одговорност пред надлежниот јавен обвинтиел.