Вангеловски се „распрашува“ за случајот на Панчевски
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017
Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски и членови на судскиот совет вршат увид во гевгелискиот суд и го проверуваат налогот кој судијата го одобри за претрес кај поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, дознава ТВ 24.
Според информациите оваа акција следува откако Панчевски преку известување се жалеше до Судски совет дека специјалните обвинители незаконски постапувале и била применета физичката сила.
ТВ 24 претходно објави дека членовите на судски совет на затворен состанок го разгледувале случајот Панчевски и дилемата се јавила околу налогот, кој бил издаден од судот во Гевгелија, а не од Кривичниот суд.