19 Април, 2024
0.1360

Ванковска: Ме жигосаа за „Карпалак“, а заборавија на „Монструм“

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Професорката Билјана Ванковска во денешната колумна за „Нова Македонија“ се осврна на својот статус на Фејсбук веднаш по автобуската несреќа во која имаше 15 жртви со кој предизвика лавина негативни реакции на социјалните мрежи, со тврдење дека споменувањето на „Карпалак“ не е табу-тема и дека исто постапила и со случајот „Монструм“ и со Јохан Тарчуловски кога се врати од Хаг.

„Среде оваа национална операција, јас добив личен жиг од инаков вид, кој и тоа како има врска со напишаното погоре: казната мораше да стигне, на еден или друг начин, треба да бидам дисциплинирана и замолчена. Поради фејсбук-статус од три збора (трагедија, иронија и Карпалак) поведоа хајка и тргнаа во линч. „Монструм“ е моето ново кодно име за јавна употреба, а јас олицетворение на Злото (Орданоски, злоупотребувајќи ја Хана Аренд, ме прати директно во душевната болница „Бардовци“). Медиумите ме обвинија и осудија без да прашаат, новинарите веќе ги утврдија „елементите на делото“ говор на омраза и велат сите се против мене; ги прозваа МВР и Јавното обвинителство да се справат со ваков опасен оперативец на злото. Тие го слушаат „народот“. Нема тука ни право на одговор, нема дури ни вистинско обвинение, најмалку дијалог: гатаа што „авторката сакала да каже“ и заклучија дека тоа мора да е повик на етничка омраза. Ме прашуваат дали сум ги пријавила заканите во МВР. До кое МВР да се обратам? До она на чие чело стои човек што прв ме обвини без никакви докази?“, напиша Ванковска.

Вели дека како личност се борела за презумпција на невиност во случајот „Монструм“ кога станува збор за обвинувања без докази.

„Малкумина ќе се сетат дека по егзекуцијата на младите момчиња и случајниот минувач кај Смиљковско Езеро, тогашното МВР излезе со помпезна прес-конференција на која кажа дека сторителите се идентификувани, а дури се зборуваше и за терористички врски и кампови во Авганистан. Малкумина сакаа да зборуваат јавно, па така бев речиси единствена што го осуди таквиот избрзан чин, потсетувајќи на пресумцијата на невиност и на тоа дека кодното име на операцијата (подоцна судскиот случај) „Монструм“ во старт ги дехуманизира осомничените и во очите на јавноста ги прикажува како нелуѓе што едвај и да имаат право на одбрана. За овие мои изјави постојат записи. Оние што денес ме нарекуваат Монструм тогаш аплаудираа“, тврди една од членовите на движењето „Бојкотирам“.

Тврди дека го осудила и дочекот од претходната власт на Јохан Тарчуловски од Хаг како осуден за злосторства.

„Аплаудираа тие и кога имав храброст да бидам единствениот интелектуалец што ќе го осуди чинот на службен пречек од Владата на хашкиот осуденик (не беше проблем да му се организира приватен или дури и партиски пречек, но државата не смееше да заборави на нејзините граѓани, кои беа цивилни жртви од албанска националност). И тогаш тргна ужасна хајка: главата ми ја бараа, ме набиваа на колец, бараа да ме исфрлат од универзитет, да ми го одземат државјанството, а дури и моите студенти на кои им предавам Транзициска правда и соочување со минатото беа по малку разочарани од мене. Тркалото се сврти, и сега е обратно: јас сум монструмот (небаре сум одговорна за автобуската несреќа, или некому сум му нанела или посакала смрт), а албански студенти (на кои не им предавам) бараат да бидам исфрлена од универзитетот“, пишува професорката.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните