19 Април, 2024
0.0281

Ванковска: Од целата „метла“ само Заев се офајди

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Лавина од реакции кај политиколозите и професорите покрај целата јавност за владината реконструкција.

Професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи со свое видување околу операцијата која таа ја нарече „метличка“. 

Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот статус на Фејсбук.

„За оваа ситуација не важи изреката „се тресеше гората, со роди глушец“. Овде станува збор за многу повеќе од изневерени очекувања: можеби некој чекаше радикални кадровски смени на подобро, но од целата метла само Заев се офајди. И тоа лично.

Тоа што премиерот одлучил самиот да ја врши и функцијата министер за финансии не е спорно од формално-правен аспект. До душа, ова влегува во мала сива зона, бидејќи прашањето не е експлицитно уредено, ама на прв поглед не е страшно. Има многу случаи кога премиери одлучуваат да раководат и со некој ресор, НО... НО, за тоа треба да има добра причина! На пример, кога ситуацијата бара итност, кога има кризна ситуација која не трпи одлагање и празнина во владата, т.е. кога не се врши реконструкција туку се пополнува испразнето министерско место во ресор кој е многу важен, итн. На пример, Ципрас веднаш го зеде под свое Министерството за надворешни работи по неочекуваната оставка на Коцијас, а во пресрет на ратификацијата на Преспанскиот договор. Ваквите потези се обично од времен карактер, а не трајни решенија.

Во случајот на Зоран Заев нема такви основи, и јавноста останува вџашена (ако некоја негова постапка се уште има моќ да вџаши, после се' што стори на своја рака). Прво, наместо „метла“ видовме „метличка“ и тоа најинтересно кај ресорите што ги водат албанските коалициони партнери. За нивните „квалификации“ не знам што да кажам. Всушност, ако е некој од нив навистина квалификуван тоа е Садула Дураки, Командант Вентили: тој апсолутно го знае политичкиот систем, бидејќи со калашњиков в рака се бореше за негово менување во 2001 година. Освен тоа, овој нов политички систем на „споделување на власта“ (power-sharing) е заснован на картел на политичко/етнички елити, а граѓаните и јавното мислење се сосема неважни за неговото функционирање. Затоа човекот ни кажа дека не му е грижа што мислат граѓаните за животната средина... Сега уште помалку ќе му биде важно што мислиме за политичкиот систем.

Елиминацијата на проф. Тевдовски е во најмала рака чудна. Дојде од академската фела, и од поддржувачите на Шарената револуција, и покрај сите гафови и слабата елоквентност и збрканост, досега не слушнавме поголема критика за состојбите во ресорот финансии. Се поставува прашање зошто е, на пример, Сугаревски или Анѓушев, недопирлив, ама Тевдовски е „унапреден“ во советник!? Што сака да постигне Заев со концентрацијата на моќ во своите раце, и тоа токму во овој ресор? Наместо инфантилна и романтизирана верзија на биографијата, Заев ѝ должи на јавноста образложение што не направил Тевдовски, а што тој планира да направи? Зошто е сменет Тевдовски?! Во овој ресор лежи моќта на распределбата на финансиите, контролата врз нивното собирање и трошење, но и вреаботувањата (без потпис од финансии не вреди ни едно ново вработуивање во државните структури).

Како мисли да ја води владата во (наводен) почеток на преговори со ЕУ од есен, ако концентрира толкава моќ во себе. Практично, имаме еден важен ресор кој не одговара пред владата! Можете ли да замислите интерпелација на министер за финансии? А не' задолжуваат од минута во минута, а не гледаме каде се трошат тие пари - се' е запустено, ништо ново не е започнато.

Најважно од се' е што Заев за само две години покажува синдром „Државата - тоа сум јас!“. Беше на чело на судски реформи, во парламентот направи дар-мар со купување осум пратеници, го смени уставот со негово флагрантно кршење, итн. Ако на Груевски му требаа години за да ја „зароби државата“, и поништи принципот на поделба на власта - овој тоа го прави на јуриш. И што е најстрашно: отпор нема! МОЛК! Или, евентуално, има паѓање во несвест од љубов кон вождот“.- пишува Ванковска на Гејсбук


Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне