20 Април, 2024
0.0279

Ванковска за обраќањето на Јанева: Правната држава е одамна прежалена

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

По прес-конференцијата на специјалната јавна обвинителка во оставка,  Катица Јанева која се огради од случајот „Рекет“, се јави и професорката Биљана Ванковска со статус на Фејсбук. 

Таа вели дека правната држава во земјата е одамна прежалена.

„Инаку, Ката за првпат се појави сама на прес-конференција, што зборува само за себе! Оние што се оградија од неа нигде ги нема, а Фатиме е на одмор и се сонча некаде. Второ, текстот ѝ го напишал некој писмен, а таа во меѓувреме научила да чита (на почетокот ни тоа не го знаеше, ама се навежбала). Суштински не кажа ништо, освен што сакаше да почнеме да плачеме за неправдата која ѝ се чини – правната држава е одамна прежалена. Трето, имплицитно призна дека знаела за кривичното дело во кое е инволвирана, ама не пријавила, ниту повела истрага. Четврто, индиректно го инкриминира и сопствениот син, сакајќи да си ја спаси кожата. Петто, онаа нејзина „одложена оставка“ е рабиш, правнички џанк – слично како одложеното распуштање на Собранието (ви текнува)? СЈО е конституирано и озаконето околу неа како инокосен орган на прогон и нејзината оставка не трпи „сива зона“, ќе дојдам кога ми се може и час сум во оставка, час ја вршам должноста во полн капацитет. Шесто, очекувајте уште епизоди од евтинава сапуница… Но, не дозволувајте да ви влезе под кожа до толку за да ја заборавите големата слика: овде има луѓе кои се „дебело“ виновни и одговорни, а за двете состојби (кои се различни) постојат соодветни „лекови“ познати од нормални држави“, пишува таа.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан