29 Март, 2024
0.0438

Вардар згаснува без титула во ЛШ

Објавено во: Стил 13 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Фото: Спортмедиа

Ѓер го совлада Вардар со 27-26 во продолжение од финалето од женската ракометна Лига на Шампиони откако унгарскиот и македонскиот првак во регуларниот дел одиграа 20-20.

Исто како лани, Вардар и Ѓер мораа да играат продолжение за да Европа го добие името на шампионот. И овој пат победник излезе унгарскиот тим славеше со 27-26 и постана првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата. 

За жал Македонија европска титулата во ЛШ ќе почека..бидејќи ѕвездениот Вардар згаснува со сребро...

Во последната минута противникот беше со играч помалку, Лазовиќ реализираше за 18-19, но на спротивната страна Грот реализираше седмерец за 19-19 и за инфаркт завршница. Лекиќ го најде патот до мрежата, Едуарда Аморин израмни на 20-20 на девет секунди до крајот, но Пенезиќ наместо погодок направи пробивање, па мечот отиде во продолжение. 

Првите пет минути завршија во корист на Ѓер, Аморим продолжи, не застаната (24-23). Најдобриот стрелец, Грот од седум метри зголеми на 25-23, а потоа Аморим искачи на 25-23. Вардарки се доближија на 26-25, но Ѓер веќе влезе во ритам, титулата не сакаше да ја испушти за ништо на светот. Имаа шанса „црвено-црните, но Чанаџија не успеа да се избори за пенали.