Вархеји вети помош и за Албанија, но сумата е помала од онаа за Македонија
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2020
28 милиони евра за Албанија.
Оваа сума ја побарал еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. Тој денеска престојува во прва посета на Албанија откако стапи на функцијата. По средбата со премиерот Еди Рама, тој на заедничката прес - конференција, изјави дека се надева дека одлука за преговорите со Скопје и Тирана ќе биде донесена пред самитот во Загреб кој треба да се одржи во мај.
Еврокомесарот вчера во Скопје кажа дека побарал од Европскиот парламент како награда за постигнатото за Македонија да се обезбедат фондови во износ од 50 милиони евра. Ова е прва официјална посета на Вархеји на регионот откако тој е именувам за еврокомесар за проширување. Тој го замени Јоханес Хан.
Вархеји кажа дека Македонија мора да работи, а откако ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ, ќе има уште поголеми предизвици.
фото ЕПА