19 Април, 2024
0.0276

Варшава отвора привремена болница на националниот стадион

Објавено во: Свет 19 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber


Полска планира да отвори привремена болница на националниот стадион во Варшава среде врвот на епидемијата на вирусот корона и преоптоварениот здравствен систем, соопшти Владата.

Полска воспостави нови дневни рекорди во бројот на заразени во последните неколку недели, а лекарите пријавија недостиг на персонал, болнички кревети и опрема.

„Во саботата, премиерот нареди подготовки за првата привремена болница, која ќе се наоѓа на националниот стадион“, рече Михал Дворчик, одговорен за проектот.

Болницата лоцирана во салите на стадионот ќе има кревети за 500 пациенти со КОВИД 19, со можност за проширување на 1.000 кревети. Првите кревети најверојатно ќе бидат достапни оваа недела.

Дворчик рече дека и други области ќе работат на воспоставување привремени болници.

Тој додаде дека владата нема намера да ги затвора гробиштата и да ги спречи луѓето да патуваат низ целата земја на 1 ноември, Денот на сите светци кога милиони Полјаци ги посетуваат семејните гробници.

Претходно оваа недела, владата ги повика граѓаните да останат дома и нареди затворање на спортски сали и базени, ограничувајќи го работното време во рестораните и префрлајќи се на учење на далечина за сите универзитети и средни училишта.

Владата вели дека се обидува да избегне целосен карантин, но експертите велат дека тоа би можело да биде неизбежно доколку ситуацијата стане критична.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените