26 Јуни, 2019
0.0195

„Вашингтон пост“: ЕУ излажа, а владите и народите во регионот се бесни

Објавено во: Балкан 22 Мај, 2019

 Како ЕУ го предаде Западен Балкан. На оваа тема пишува „Вашингтон пост“. 

Европската Унија е на прагот на голема криза вкоренета во некомпетентноста на бриселскиот естаблишмент, пишува „Вашингтон пост“ и додава дека тоа е приказна за гордоста и предавството, постојаните ветувања и кукавичлук.

Спроти почетокот на еврпоските избори, овој американски весник во авторски текст на Јасмин Мујановиќ, познавач на состојбите од Западен Балкан, потсетува дека во изминатите 16 години Брисел  ветувал дека иднината на Балканот е во Европската Унија, пренесе српската новинска агенција „Танјуг“.

Во текстот се вели дека во јануари Скопје и Атина го финализирале нивниот тридеценискиот спор за името, а  решението на спорот за името се должело на револуцијата предводена од граѓанското општество во денешна Северна Македонија, чија цел било соборувањето на тврдокорниот националистички авторитарен режим кој речиси ќе ја втурнел земјата во нова граѓанска војна.

„Европските дипломати ги убедуваа Македонците дека доколку го променат името, тоа ќе значи забрзан пат кон членството во ЕУ и НАТО. Членството во НАТО е обезбедено, но неверојатно мали се шансите за идејата за влез во ЕУ, која е најголемата награда за луѓето во регионот. Едноставно кажано, ЕУ излажа, а владите и народите во регионот се бесни“, се наведува во текстот на „Вашингтон пост“.

Можеби ќе ве интересира

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО МАЛТА: Србин избоден од сонародник

КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО МАЛТА: Србин избоден од сонародник

(ВИДЕО) Вучиќ посети поплавени села, еден граѓанин го изненади со својот гест

(ВИДЕО) Вучиќ посети поплавени села, еден граѓанин го изненади со својот гест

(ВИДЕО) Со Балкански хит се славеше поразот на Ердоган во Истанбул

(ВИДЕО) Со Балкански хит се славеше поразот на Ердоган во Истанбул

АНКЕТА: Ердоган најугледен во арапските земји

АНКЕТА: Ердоган најугледен во арапските земји

(ВИДЕО) Момче во Белград плива во поплавена улица

(ВИДЕО) Момче во Белград плива во поплавена улица

(ВИДЕО) Автомобил излета во море

(ВИДЕО) Автомобил излета во море

Што ќе се случи со Титовиот брод?

Што ќе се случи со Титовиот брод?

(ВИДЕО) ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Во Белград поплавени 20 градинки и зоолошка

(ВИДЕО) ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Во Белград поплавени 20 градинки и зоолошка

Поради недостиг на лекари, од 1 јули ќе лекуваат и оние без искуство

Поради недостиг на лекари, од 1 јули ќе лекуваат и оние без искуство