19 Април, 2018
0.0626

Василица низ Македонија: Некаде со маски, некаде со комар

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Низ Македонија се празнува Стара Нова година и Василица, празник со различни обичаи во секој крај низ републиката и начини на прославување. Дел од Македонија на овој ден празнува на тој начин што се маскира, други пак за среќа играат комар со пријателите, трети прават пита со паричка во чест на Св.Василиј, а некаде се палат и Василичарски огнови и се прославува со комшиите и добронамерниците. 

„На утрешниот ден се поместени три празници, споменот на Свети Василиј Велики, обрезанието на Исус,  и православната Новата година. Свети Василиј е голем светител во православието, затоа и се нарекува уште и украсител на човечките обичаји.“ - вели Отец Сашо- Соборен храм „ Свети Климент Охридски“- Скопје.

По одбележување на Старата Нова година, верниците го празнуваат Св. Василиј  - Василица. Некои семејства, слично како и за време на бадниковата вечера, кршат погача со паричка. Традицијата  за Василица  во  Македонија се негува со векови. Пример за тоа е Вевчанскиот карневал.

Кај семејства кои традиционало кршат погача на Василица, преовладува истото верување дека на оној што ќе му се падне паричката ќе го следи среќа цела година.

Стара Нова година или Православна нова година, секако терминот е помалку важен од поминувањето убаво време во расположение со пријателите и семејството. 


Можеби ќе ве интересира

СЈО со три нови возила, „Автонова“ го доби тендерот

СЈО со три нови возила, „Автонова“ го доби тендерот

Рочиштето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Рочиштето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Могерини се обрати во Собранието: Ја надминавте кризата, се вративте на вистинскиот пат

Могерини се обрати во Собранието: Ја надминавте кризата, се вративте на вистинскиот пат

МВР поднесе кривични за тепањето на девојче во неготинското школо

МВР поднесе кривични за тепањето на девојче во неготинското школо

Македонија дупло дно, ВМРО-ДПМНЕ разочарани критикуваат

Македонија дупло дно, ВМРО-ДПМНЕ разочарани критикуваат

Седумгодишно девојче удрено со автомобил во Скопје

Седумгодишно девојче удрено со автомобил во Скопје

Талат Џафери ќе се сретне со турскиот државен врв

Талат Џафери ќе се сретне со турскиот државен врв

Протест на „Правда за Алмир“ денес пред Собрание

Протест на „Правда за Алмир“ денес пред Собрание

Драгана Милчевска за праксата во Италија: Го научив јазикот, сега тоа ми вреди злато

Драгана Милчевска за праксата во Италија: Го научив јазикот, сега тоа ми вреди злато