19 Април, 2024
0.0305

ВАСКО ЕВТОВ ОТКРИВА: Што прифаќа Македонија за да се тргне бугарското вето и што стои во анексот на португалскиот предлог

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

На 9-ти декември минатата година македонското Министерство за надворешни работи испратило нон пејпер до бугарското МНР, вели во својата најнова емисија новинарот Васко Евтов.

Како што пишува неговиот портал Во центар, делови од тој нон пејпер, за чија содржина не е информирана македонската јавност, се составен дел на португалскиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор. Португалскиот предлог е изготвен на 18 мај оваа година и им беше презентиран на двете страни.

Тоа беше кажано во вчерашната емисија Во Центар која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov. 

Во емисијата се објавуваат ексклузивни делови на македонскиот нон пејпер и на португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Во нон пејперот на македонското МНР, а тоа е сега составен дел на анексот на португалскиот предлог за Македонија, во точка 2 се вели:

Северна Македонија изјавува дека македонскиот јазик напишан на кирилско писмо и наведен во нејзиниот Устав и други билатерални договори, е официјален јазик на Северна Македонија. Исто така се декларира дека стандардниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година.

Ова се тврди во емисијата на Во центар.

Во точка 1 од анексот за Македонија, кој е составен дел на португалскиот предлог, а кој исто така потекнува од нон пејперот на македонското МНР, од декември минатата година, се вели:

Република Северна Македонија со ова изјавува дека нејзиното целосно име - „Република Северна Македонија“ и  краткото име - „Северна Македонија“, не се и не можат да се толкуваат како геогравска референца за кој било регион и не подразбираат побарувања за територии на Република Бугарија или која било соседна земја. „Република Северна Македонија“ и „Северна Македонија“ се целосна и кратка форма на име на суверена држава како политички субјект со јасно дефинирана територија.

Во содржината на португалскиот предлог во делот за јазикот пишува:

Јазик: Од една страна, БГ изјавува дека смета дека „македонскиот јазик“ не постоел до 1944 година и дека овој термин во кои било идни документи на ЕУ треба да се смета во согласост со Уставот на МКД, од друга страна, МКД изјавува дека македонскиот јазик, како што се наведува во нејзиниот Устав, е официјален јазик на земјата и е кодифициран во 1945 година.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?