Добивај вести на Viber
Проблематичната Ватиканска банка објави дека има нов менаџер. Тој е надворешен консултант кој дошол на тоа место откако двата клучни менаџери се повлекоа поради скандалите кои настанаа ова лето.
Новиот менаџер, Роландо Маранци, работел за финансиската група Промонтори и го советувал Институтот за религиски прашања како да ги среди своите сметки.
Маранци (60) уште на 1. јули бил именуван за вршител на должноста заменик директор на Ватиканската банка, бидејќи Паоло Сипријани и Масимо Тули морале да дадат оставка поради аферата со сметководителот, блиско поврзан со банката, кој беше уапсен при обид да пренесе 20 милиони евра од Швајцарија во Италија без да ги пријави парите на цариниците.
Фор Фрајберг останува на функцијата претседател.