ВЕ МОЛАМ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ЈА НАЈДЕМЕ АНИСА - Тактото на младата тинејџерка која исчезна пред три дена бара помош во потрагата

Објавено во: Македонија 01 Април, 2023
Семејството на 12-годишната Аниса Ајро од Гази Баба, не добило никакви информации за нивната ќерка која исчезна пред 3 дена.
Нејзиниот татко Енгин во очај вели дека досега никој ги нема контактирано да пријави некаква трага која ќе ги одведе во прегратките на нивното дете.
Семејството на Аниса ги мобилизира сите пријатели и добри луѓе кои би можеле да им помогнат за заедно да пребаруваат, со надеж дека девојчето ќе биде најдено.
Taткото апелира до целата јавност да се приклучи кон нивните напори.
„Ве молам, да се собереме сите – новинари, политичари, спортисти. Сите, сложно да станеме на нозе и заедно да ја најдеме Аниса. Ќе бараме секаде. Тешко ни е многу. Нозете ми се тресат кога зборувам“, рече таткото во изјава „Макфакс“.
Во врска со другото 15-годишно девојче, Мелиса, кое во истиот ден беше пријавено за исчезнато, таткото на Аниса вели дека двете не биле другарки, туку познанички, а и за неа не се знае каде би можела да биде. Ја отфрла можноста дека девојчињата можеби побегнале заедно, бидејќи другото девојче е многу повозрасно.
Медиумите од вчера масовно пренесуваат за двете тинејџерки кои се исчезнати и не се знае каде се, а апели за помош масовно се споделуваат и на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ШТО ГИ НЕРВИРА НАШИТЕ СОСЕДИ? Некој бурек, некој Србин, а Македонија - Бугарија
ДВАЕСЕТГОДИШНИ МОМЧИЊА СО ПРИНТЕР СИ ПРАВЕЛЕ ПАРИ: Уапсени за фалсификување

„БИН БИН“ СКАНДАЛИ ЈА ТРЕСАТ ЈАВНОСТА: Фрлени во вода, декорирани со сакции цвеќе-скопјани парче ги направија електричните тротинети

Ковачки до Ахмети: Ако Ковачевски чека одобрување за да отиде на тет-а-тет средба со претседателот Мицкоски, дајте му го

И САМКА ИБРАИМОСКИ СЕ ОГЛАСИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Ако ги ставиме Бугарите во Устав, Македонија ќе биде членка на Еу до 2026

ЗА 4.000 ЕВРА НАБАВИЛЕ УКРАИНСКИ ДОЗВОЛИ ЗА ПРЕСТОЈ: Жители на Турција уапсени на Табановце

ДУИ ЗАСТАНА ЗАД ГРУЕВСКИ: Алтернатива обвинува дека албанската партија е во постојана комуникација со груевски

ПО СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ: Најнови детали за тоа како се одвива сообраќајот

ГЕРАСИМОВСКИ ДОСЛЕДЕН ДО КРАЈ: Отстапување од дозволи и прописи за градба нема да толерираме!
