„Вечерње новости“: На Косово се врши нелегална трансплантација и трговија со органи
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2019
Благодарение на бројни меѓународни донации, пред сѐ од Европа, на Косово се отворени многу клиники со најсовремена опрема, каде што меѓу другото, се вршат нелегални трансплантации и трговија со човечки органи, пишува српскиот дневен весник „Вечерње новости“, а пренесува агенцијата „Танјуг“.
Потсетувајќи дека пред два дена, косовската полиција при контрола на приватна клиника во Приштина уапсила четворица осомничени лица за нелегална трансплантација и трговија со органи, весникот пишува дека последните петнаесет години профитабилна работа на Косово станло отворањето на приватни клиники на кои во најголем дел работат нестручни луѓе.