Вечерва топ тв-дуел помеѓу вторите луѓе во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2018
Најверојатно нема за брзо време да има уште еден тв-дуел помеѓу претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - Зоран Заев и Христиан Мицкоски, но за денеска е најавена таква дебата помеѓу второрангираните во хиерархијата на овие две партии - Радмила Шекеринска и Александар Николовски.
Вечерва тие ќе ги соочат своите ставови во емисијата 360° на Телевизија Алсат Телевизија, каде домаќин е Васко Попетрески, а се очекува да доминира темата за референдумот и интегрирањето во НАТО и ЕУ.
Николовски е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додека Шекеринска е заменик претседателката на СДСМ.
Шеќеринска и Николовски и пред неколку месеци имаа интересна дебата на МТВ.