ВЕЌЕ НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО: Android ќе мора да го плаќаме!
Објавено во: Свет 18 Октомври, 2018
Американскиот ИТ гигант го менува начинот на издавање дозволи за користење на Андроид апликации во Европа.
Прецизно, Гугл на произведувачите на Андроид ќе им наплаќа апликации.
Исто така, како што најави претходно неговиот извршен директор Сандер Пичари, Гугл планира прв пат да го наплати Play Store и други Гугл апликации.
Одлуката следи по пресудата од јули, во која ЕК му одреди казна на тој гигант од пет милијарди долари, за да го спречи Chrome и другите апликации за пребарување да ги направи целосно доминантни во рамки на АНДРОИД оперативниот систем , и на тој начин да ја уништи конкуренцијата.
Тоа значи дека заинтересираните произведувачи во идниина ќе мора да плаќаат за одредени ставки како Play Store, кој се смета за витално средиште на Андроид, но пред се сервисот на компанијата Гугл.
Основата на Андроид оперативен систем ќе остане бесплатна и open-source, но ако произведувачите на телефони и таблети од подрачјето ан Европа сакаат Play Store и Google апликации ќе мора да платат одреден надомест. Исто така Play Store, како и многу апликации како Gmail и Google Maps ќе бидат во пакет кој ќе биде опфатен со договор и одреден паричен надомест.