24 Април, 2024
0.0457

ВЕЌЕ ПЕТТИ МЕСЕЦ СЕ СО ПРОМЕТ НУЛА - газдите на игротеките бараат протоколи и финансиска поддршка

Објавено во: Економија 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа на игротеките, предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и игротеки при Сојуз на стопански комори на Македонија на денешната прес конференција.

Трајко Николовски, претседател на Групацијата, истакна дека бројот на неработни денови е трицифрен и веќе влегуваат во петтиот месец на кризата која почна во март, не со процентуално намален промет, туку со промет нула, бидејќи се уште воопшто не ја остваруваат дејноста .

„Како мали бизниси за да отпочнеме со дејност, многумина од нас, освен сопствени имаат вложено и позајмени средства како од роднини и пријатели, така и од комерцијалните банки, при тоа заложувајќи ги под хипотека и своите живеалишта. Состојбата во која се наоѓаме е алармантна, резерви на средства немаме. Сакаме да истакнеме дека иако игротеките од 11 март престанаа со вршење на својата дејност, прославувањето на детските родендени не престана. Родендените продолжуваат да се организираат во домашни услови, без соодветни протоколи“, вели Николовски.

Изминативе денови до Комисијата за заразни болести ги предале и предлог протоколите кои самите ги изработиле, следејќи и прифаќајки ги позитивните примери на земјите од соседството, кои се подготвени да ги почитуваат во целина. Велат дека сите предлози и дополнувања од Комисијата за заразни болести се добредојдени.

Според Николовски, тие родендените кои ги организираат се исклучиво од затворен тип, т.е. со ограничен број на гости кои добро му се познати на организаторот на роденденот, како и нивната здравствена состојба, бидејќи станува збор за гости од исто семејство, блиски роднини и пријатели.

Компаниите од секторот најпрво бараат финансиска поддршка во висина на половина од просечниот месечен бруто приход земен од времето кога работеа, секој месец без прекин на неодредено време до нивно повторно отворање, како би можеле да ги сервисираат закупнините, режиските трошоци, платите и придонесите во периодот кој им претстои, затоа што моментално не работат, имаат промет нула и се уште се затворени.

„Понатаму, Комисијата за заразни болести да даде препорака да ги отвориме објектите по примерот на земјите од соседството, кои што повеќе од еден месец беспрекорно работат, затоа што животот продолжува со почитување на протоколите за заштита на здравјето. И трето, во време кога секој од нас е важен, кога се бориме за секое работно место, кога сите сакаме нови инвестиции, нови вработувања, јавно прашуваме, што ќе се случи со нашите инвестиции во кои работат повеќе од илјада луѓе и егзистираат исто толку семејства. Бараме одговор, дали треба да дозволиме овие 1.000 семејства да останат без егзистенција, да останат без работните места кои сами ги створиле и да изгубат се што вложиле“, изјави Николовски.

Компаниите кои се занимаваат со овие дејности, од сите градови во земјата, се здружени и единствени, но само со заедничка работа на сите чинители може да се надминат предизвиците и економски да опстојат.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска