ВЕЛЕС: Почината жена e пронајдена на улица
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020
Почината жена Н.Џ. (71) e пронајдена на улица во Велес.
На телото на починатата немало видливи траги на насилство, велат од полицијата.
Настанот е пријавен вчера во 4:50 часот. Б.Т., случаен минувач на улицата „Вера Циривири“ кај месноста Поток од левата страна на градот го видел телото.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, изјави дека при вршење на увид жената е идентификувана. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.