ВЕЛИ ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Вучиќ бара разграничување со Албанците
Објавено во: Балкан 09 Август, 2018
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се залага за разграничување со Албанците.
„Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми. Јас се залагам за разграничување и тоа не го кријам, и тоа е политиката што ја претставувам. Дали таа политика ќе добие поддршка од народот или не, јас се залагам за разграничување со Албанците“- изјави Вучиќ.
Според него, дали во тоа ќе се успее „не зависи од нас“.
„За танго се потребни двајца“- рече тој.
Вучиќ додаде дека решението за Косово мора да биде сеопфатно, а не едноставно ниту упропастено.