20 Април, 2024
0.0264

Величествен, трогателен и длабок - магазинот „Скрин интернешенал“ со одлична рецензија за „Врба“

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Eден од најголемите светски филмски магазини „Скрин интернешенал“ објави одлична рецензија за „Врба“ на Милчо Манчевски.

„Величествено, карактерно раскажување“ е оценката на „Скрин“, кој за филмот пишува по фестивалот во Талин, каде „Врба“ играше во програмата „Потписи - најнови филмови на велемајсторите“.


Критичарот Деметриос Матеу вели дека „Врба“ е „еден од оние филмови кои се чинат лабави додека ги гледаш, но кои допираат до сржта и остануваат таму, трогателни и длабоки“. Тој вели дека „Врба“ го следи структурниот заштитен знак на режисерот - збирка приказни, кои го премостуваат времето и местото, а сепак се поврзани на некој начин.




„Влијанието од првата приказна паѓа врз Сара Климоска, особено нејзиното лице во крупен план, кое пренесува доволно надеж, копнеж, радост и жалост за цел филм. Со нејзината улога, еднакво експресивната Теодосиева се чини огромен талент, не помалку и како комичарка, а Тоциновски му дава моќ на филмот кон изненадувачкиот расплет“, вели „Скрин“.

Критичарот вели и дека продукцијата е за пример, а кинематограферот Тамаш Добош особено буди треперење и романса во изобилниот дожд во филмот.

„А префинетата музика на Кирил Џајковски, со влијанија од македонската народна музика, поттикнува емоции секојпат кога ќе засвири“, вели „Скрин“.
Магазинот вели дека филмот ќе биде привлечен за меѓународната уметничка публика поради „универзалната тема, возбудливото раскажување и можноста што Манчевски им ја дава на трите префинети актерки“.
Исто така, за време на фестивалот во Талин, најтиражниот естонски весник „Постимеес“ го вброи „Врба“ меѓу топ 5 филмови што треба да се видат, нарекувајќи го „многу хумана и мајсторски изведена приказна што го одзема здивот“.


Линк до рецензијата во Скрин интернешенал: https://www.screendaily.com/reviews/willow-tallinn-review/5145225.article?fbclid=IwAR2DhtZ-LRGncNG1F6Kj6tJiSnOhrloT_Lfu-M9CUwrsKqzNJUoiVqCZ1Lk


Линк до „Постимеес“: https://leht.postimees.ee/6837419/poff-suurejooneline-finaal-ara-maga-maga-viimast-voimalust

Филмот на Манчевски во Македонија продолжува да ги руши рекордите на гледаност. Oд продукцијата ги повикуваат гледачите да побрзаат да го гледаат „Врба“, бидејќи наскоро си оди од македонските киносали, а животот му продолжува на светските филмски фестивали и кинодистрибуција. 


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!