ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НЕМА МАСОВНО ДА ГИ ВАКЦИНИРА ДЕЦАТА: Ќе чекаат дополнителни докази за евентуални ризици
Објавено во: Свет 18 Јули, 2021
Велика Британија
се изјасни против масовната вакцинација против „Ковид-19“ за сите деца и
тинејџери, а властите ќе понудат дози за ранливи лица на возраст меѓу 12 и 15
години и оние над 18 години, објави Телеграф.
Се верува дека Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (ЈЦВИ) ги советувал министрите да не пуштаат вакцини за сите деца сè додека не бидат достапни дополнителни докази за ризиците, се додава во извештајот.
Како одговор на извештајот, британското Министерство за здравство рече дека „нема донесено никакви одлуки од министрите за тоа дали на младите на возраст од 12 до 17 години треба редовно да им се нудат вакцините против корона вирусот.
Велика Британија вчера пријави 54.674 нови случаи што е нов највисок број во последните шест месеци.