29 Март, 2024
0.0297

Вељаноски: Граѓаните немаат никаква информација што договорил Заев со Бугарија

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Зоран Заев при посетата на Бугарија не спровел суштинска дебата за претстојниот договор кој треба да ги регулира односите меѓу двете земји што е недозволиво кога се во прашање најголемите македонски интереси. Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што премиерот Зоран Заев го договорил во Софија, истакна Трајко Вељаноски на партиската прес конференција.

- Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот која што Заев се согласил да ја потпише. Ваквите теми кои задираат во идентитетот на македонскиот народ не се и не смее да бидат ексклузивен интерес ниту на Зоран Заев, ниту на СДС. Овие теми се натпартиски. За нас е разбирливо соседна Република Бугарија да има свои интереси и нив да ги брани и застапува. Тоа што не можеме и нема да го прифатиме е Зоран Заев сам да одлучува за темите кои се од интерес, а пред граѓаните ветуваше инклузивност и дебата за многу понесуштински прашања - рече Вељаноски.

Тој предупредува дека „етногенезата на македонскиот народ е посебна и затоа е исклучително опасно да се говори за „заедничка историја“.

- Дали изјавите на Зоран Заев околу заедничката историја значат дека македонскиот народ во минатото немал своја посебна? Дали е Заев свесен колку се опасни овие тези? Прашањето за заедничката историја секогаш било една од најголемите пречки при постигнување на договорот со соседна Бугарија. Второто прашање кое исто така било камен на сопнување е прашањето за немешање во внатрешните односи на земјите. Имено, Бугарија инсистирала во договорот таа обврска да стои само за Република Македонија. Дали е ова прифатливо за Зоран Заев и СДС - праша Вељаноски.

Третото покрупно прашање, спорд него, е прашањето на јазиците на кои би се потпишал договорот. 

- ВМРО-ДПМНЕ инсистирало и ќе инсистира дека македонскиот јазик мора да биде експлицитно наведен. Секој обид за градење на добрососедските односи мора да разбере взаемно почитување и признавање на посебноста, а не затскривање зад флоскули од типот „јазикот наведен во Уставот“. Постоеја уште многу спорни прашања во договорот, почнувајќи од барањето за промена на учебниците, па се до заедничкото одбележување на некои празници. Граѓаните во моментов немаат ама баш никаква информација што договорил Зоран Заев, што е срамно и неприфатливо - додаде Вељаноски.

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“