25 Април, 2024
0.0291

Веро организира „Денови на грчките вкусови“: Традиционални производи по промотивни цени

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Во периодот од 15 до 28 септември, Веро организира „Денови на грчките вкусови“ во сите свои маркети. Со цел да ја приближи популарната грчка кујна до своите потрошувачи, Веро за овој период подготви специјални понуди, екстра попусти и неодоливи акции на традиционални и автентични грчки производи преку кои ќе го донесе медитеранскиот вкус на нивните трпези.

Во рамки на „Денови на грчките вкусови“, потрошувачите во Веро маркетите ќе уживаат во вкусовите на најразлични грчки пити приготвени по традиционални рецепти, врвни млечни производи од широките зелени пасишта, меѓу кои и најпопуларното фета сирење. Веро подготви и одлична понуда на маслиново масло кое ја сочинува основата на медитеранската исхрана, автентични маслинки од бескрајните маслинови насади во Грција, но и козметички производи со маслиново масло наменети за нега на кожата. Понудата е збогатена и со производи за приготвување на омиленото гиро, ароматични зачини од Медитеранот, како и со традиционално кафе и десерти без кои не може да се заокружи ниту еден оброк. 

- По огромниот интерес за „Деновите на Франција“ што ги организиравме летово во Веро маркетите, одлучивме на нашите потрошувачи да им претставиме поблиску уште една врвна кујна – грчката. Подготвивме навистина примамливи понуди на традиционални, но и современи производи кои се дел од медитеранската кујна и кои го доловуваат автентичниот грчки вкус кој секогаш нѐ асоцира на море, уживање во животот и вкусната храна. Нашата понуда на вкусови од различи земји нема да застане тука бидејќи подготвуваме уште неколку вакви изненадувања за потрошувачите преку кои ќе им претставиме различни вкусови од целиот свет – вели Милана Петковски, одговорна за маркетинг одделот во Веро.

Настанот „Денови на грчките вкусови“ во Веро се организира со поддршка на канцеларијата за економски и трговски работи на грчката амбасада во Скопје, како и на партнерите на Веро. 


ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка