28 Март, 2024
0.0318

Веро се вклучи во иницијативата „Купувам домашно“

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Веро активно се вклучи во поддршка на иницијативата на Владата „Купувам домашно“ насочена кон промовирање и заштита на домашните производи. За таа цел, Веро во следните неколку недели организира дополнителна промоција и понуди на домашни производи во своите маркети за уште повеќе да ги доближи до потрошувачите и да им помогне на домашните производители полесно да го надминат овој тежок период.

Домашните производи на полиците во Веро маркетите ќе бидат видливо обележани и полесно видливи за потрошувачите. Дополнително, главниот фокус на промотивните понуди на Веро во следниот период ќе биде токму врз овие производи со цел тие да станат подостапни за граѓаните.

Како компанија која повеќе од 20 години е присутна на македонскиот пазар, Веро ја темели својата понуда врз домашните производи и долгорочната соработка со локалните производители. Компанијата интензивно соработува со над 800 домашни компании - добавувачи, чии производи сочинуваат околу 90% од понудата во Веро маркетите. Голем дел од овие компании соработуваат ексклузивно со Веро две децении, период во кој го развиваат својот бизнис со целосна поддршка и сигурен пласман на нивните производи.  

 - Максимално ја поддржуваме акцијата „Купувам домашно“ бидејќи сметаме дека тоа е еден од најефикасните начини да ѝ помогнеме на домашната економија во овој кризен период кога и населението и компаниите се соочуваат со финансиски проблеми. Со обележувањето и промовирањето на домашните производи меѓу потрошувачите овозможуваме нивна поголема видливост, а со нивното купување ги поддржуваме локалните бизниси, придонесуваме за отворање нови работни места и зачувување на постојните. Македонија може да се пофали со голем број производи и брендови со одличен квалитет на ниво на европскиот и светскиот пазар, а во некои категории и со квалитет над нив. Затоа ние сме тука да им дадеме дополнителен стимул на овие производи за добар пласман и промоција пред потрошувачите – велат од менаџментот на Веро.

Граѓаните кои се корисници на домашна платежна картичка што ја издава Владата може да ја искористат за да пазаруваат од обележаните домашни производи во Веро маркетите. Веро ги повикува сите свои потрошувачи да ја поддржат оваа иницијатива, да купуваат домашни производи и со тоа да помогнат во одржувањето на стабилноста на домашната економија.  

Можеби ќе ве интересира

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност