21 Октомври, 2019
0.0342

Верушевски: Никола Груевски имаше патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски на денешното судско рочиште во предметот „Таргет Тврдина“ алудираше на тоа дека поранешниот премиер Никола Груевски бил тој кој му наложувал на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да се прислушкува бидејќи, како што вели тој, имал „патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена“, пренесува „Фокус“.

Актуелниот советник за безбедност на премиерот Зоран Заев на судење продолжи да одговара на прашања на Обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во УБК. Како што пренесува „Фокус“, Верушевски смета дека мозокот на нелегалното прислушување е Груевски во овој случај.

-СЈО во овој предмет направи курцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштината на оваа документација е дека е креирана од тој што имал најголем бенефит. Клучна е амбицијата на тоа лице кое ја имал таа патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена, рече Верушевски.

Верушевски смета дека приказната би била многу подруга доколку обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски се достапни на органите на прогонот, 

-Сериозен пропуст на СЈО е што не го обезбеди овој човек во судница, но и во државата. Со нетрпение ја чекам разврската на истрагата за бегството на Груевски. Убеден сум доколку имам моќ да ги повикам двајцата бегалци од Грција, тогаш ќе ја добиеме целината за овој случај, наведе Верушевски.



Можеби ќе ве интересира

Коалицијата на Мицкоски доби ново име

Коалицијата на Мицкоски доби ново име

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се сумираат впечатоците од лидерската, попис ќе нема во април

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се сумираат впечатоците од лидерската, попис ќе нема во април

ПОРАКА ОД СОФИЈА ДО МАКРОН: Граѓаните извикуваа „Бугарија и Македонија под едно небо”

ПОРАКА ОД СОФИЈА ДО МАКРОН: Граѓаните извикуваа „Бугарија и Македонија под едно небо”

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА: Прав пат ни е доколку ЕУ реши да ни направи мониторинг

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА: Прав пат ни е доколку ЕУ реши да ни направи мониторинг

ОЈО: Обвинителот во случајот „Тамара“ побарал изземање

ОЈО: Обвинителот во случајот „Тамара“ побарал изземање

ЗАЕВ Е ПОКАНЕТ ВО РИМ: Џузепе Конте бара да добиеме датум идниот месец

ЗАЕВ Е ПОКАНЕТ ВО РИМ: Џузепе Конте бара да добиеме датум идниот месец

МИЛОШОСКИ: Има три комплицирани начини за враќање на името

МИЛОШОСКИ: Има три комплицирани начини за враќање на името

ГРЦИЈА ЌЕ БИДЕ НА ШТРЕК: Ги засега Договорот од Преспа и случувањата кај нас

ГРЦИЈА ЌЕ БИДЕ НА ШТРЕК: Ги засега Договорот од Преспа и случувањата кај нас

Се судрија мотори кај Градежен факултет

Се судрија мотори кај Градежен факултет