08 Декември, 2024
0.0321

„ВЕРУВАМ ДЕКА ИЗРАЕЛ ЌЕ НЕ ОСТАВИ НА МИРА“ – ОД БЕЈРУТ ЗА ФАКТОР НОВИНАРКАТА РИМ ХАНИ: На разорениот Либан ќе му требаат 3 милијарди долари за обнова

Објавено во: Свет 29 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

По неколкумесечните воени дејствија и бомбардирања кои го разорија југот на Либан, народот со нетрпение се враќа кон своите домови. Иако несигурноста и стравот се уште се присутни, чувството на обединетост и вербата во сопствениот отпор ги поттикнуваат Либанците да го продолжат животот. Но, првите знаци на прекин на огнот се истовремено и надеж и предизвик за оние кои ги напуштија своите домови, соочувајќи ги со прашања за реконструкција, понатамошна безбедност и воопшто иднината на земјата.

Во разговор за Фактор, новинарката од Бејрут, Рим Хани, ја коментира актуелната состојба во Либан по прекинот на огнот. Таа опиша сцени на масовно враќање на раселените жители, кои со надеж, но и страв, се враќаат во своите домови, и покрај уништувањата предизвикани од израелските напади.

-Пред почетокот на примирјето во 4 часот наутро во средата, раселените луѓе низ Либан веќе беа во своите возила, подготвувајќи се да тргнат кон своите домови во Бејрут, југот и Бека, областите најмногу уништени од израелските бомбардирања од почетокот на војната. Не чекаа многу, иако не знаеја ништо за состојбата на куќите во кои се враќаат и дали овие домови воопшто постојат, но не дочекаа следниот ден за да се преселат. Враќањето го славеа со знамиња, песни и извици и на патиштата и во училиштата каде што престојуваа последните 63 дена. Овие луѓе веруваат дека отпорот во Либан успеал да ги заштити нивните имоти и да ги спречи Израелците да ја окупираат замјата, што ги поттикна да бараат примирје под услови кои ќе обезбедат, како што се надеваат, суверенитет на Либан и заштита, особено за луѓето кои живеат во пограничните села. Патиштата беа преполни со автомобили, а некои луѓе од различни партиски определби и организации делеа благо и храна на повратниците.

Тоа беше олеснување за сите нас: нема повеќе закани од Израел, нема повеќе атентати кои се случуваа низ целиот Либан без никакво предупредување, нема повеќе терор, нема повеќе звук на авиони и дронови, и нема повеќе луѓе кои живеат надвор од нивните домови, особено со оглед на тоа што временските услови се влошуваат секој ден, вели Хани.

Новинарката посочува дека за жал, уште првиот ден по примирјето, Израел почнал да им се заканува на сите што се обидуваат да се вратат во своите села блиску до границата. Тие, како што појаснува во нашиот разговор, испукале куршуми за да ги исплашат луѓето и побарале од Американците да интервенираат преку либанската армија за да ги спречат повратниците.

-Ова претставува прекршување на договорот само по неколку часа од примирјето, бидејќи според него луѓето имаат право да се вратат во сите села. Дополнително, Израел испратил дронови над Јужен Либан и го прекршил воздушниот простор, а вчера дури и бомбардирал некои јужни села. Очигледно е дека Израел не е задоволен од брзината со која луѓето се враќаат во своите села. Јас лично верувам дека во следните недели Израел ќе не остави на мира и ќе ја прекине својата агресија, како што е споменато во договорот (60-дневен рок за известување), бидејќи не можат да копаат подлабоко во Либан, особено што нивната армија е навистина исцрпена и претрпеа значителни загуби во копнената инвазија. Сепак, договорот за прекин на огнот е многу сличен на оној што беше постигнат во 2006 година, со некои мали разлики, особено во однос на комитетот предводен од САД кој ќе го „надгледува“ спроведувањето на договорот, заедно со Франција. Армијата почнува да се распоредува на југ, а Хезболах се повлече зад реката Литани. Но, организацијата сè уште има свое оружје и борци, а по изборот на нов претседател што се чини блиску, мислам дека либанската страна ќе работи на некакво решение за справување со оружјето на отпорот, но му треба малку време за тестирање на сериозноста на двете страни во однос на договорот, нагласува Хани.

Во контекст на долгогодишните конфликти и страдањата што ги трпи либанскиот народ, обновата на земјата по новите разрушувања претставува не само потреба, туку и акт на отпорност и надеж. Според Хани, која ги опишува големите последици од последните конфликти, фокусот треба да се стави на сериозноста на ситуацијата и предизвиците кои стојат пред Либан. Не е во прашање само физичката обновата на уништениот Либан, туку и економските и политичките пречки што треба да се надминат за да се започне со процесот на реконструкција.

-За либанскиот народ кој претрпе многу војни со Израел, обновата на куќите е самиот чин на издржливост. Но, овој пат ќе биде потребно многу работа, особено што размерите на уништувањето се многу поголеми отколку што беа во 2006 година. Предградието на Бејрут, или како што ние го нарекуваме „Даје“, сега не е место за живеење. Големо уништување има и во Бека и на југот на земјата. На југ, на пример, каде што луѓето живеат од земјоделство, особено маслинки, огромна површина е изгорена и голем дел од неа моментално не се собира. Па сега се поставува прашањето кој ќе ја финансира реконструкцијата? Во 2006 година, самиот Хезболах обезбеди засолниште за сите раселени. Но, денес, според некои експерти, реконструкцијата би можела да чини околу 3 милијарди долари. Значи, не мислам дека една партија може да го финансира овој пат, ниту либанската држава сама без помош од други земји. Во однос на пограничните села, на секои 20 дена армијата ќе го прекинува распоредувањето во еден од трите сектори, почнувајќи од запад, до централен и источен, па по 60 дена тие целосно ќе се повлечат, вели Хани.

Обновата на Либан е процес кој бара време, ресурси и, пред сè, силна волја за да се надминат сите пречки. Народот, иако исцрпен од долгогодишните конфликти, и понатаму верува во својата способност да се подигне од пепелта. Сепак, она што е најважно е дека Либанците, како и секогаш, остануваат посветени на својата земја, спремни да се борат за својот суверенитет и за подобра иднина. Сè уште останува да се види како ќе се развива ситуацијата, но надежта и отпорноста на народот се безвременски и неизмерни.

Анита Буховски

Фото: EPA-EFE/Wael Hamzeh

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост