19 Април, 2024
0.1151

Вескоски: Заради бизнис интереси уништени се зелени површини во Карпош

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Заради бизнис интереси и урбаната мафија, општина Карпош сите зелени површини и паркови ги замени со бетон, обвинува Душко Весковски претседател на Опшинската организација на СДСМ Карпош.

„Стевче Јакимовски и коалиционите партнери од ДПМНЕ ја задолжија општина Карпош за неверојатни 10.5 милиони евра (официјална завршна сметка на општината). Иако од наши извори знаеме дека овој долг е многу поголем, истиот ќе остане во наследство на некој следни генерации. Само во 2016 година овој долг се искачува за нови 5 милиони евра, а ниту еден капитален објект од интерес на граѓаните не е изграден. Но, затоа од завршната сметка на општината може да се види дека за ставката репрезентација Јакимовски потрошил 140 илјади евра во 2015 и 2016 година, односно околу 20 000 денари дневно за гозби и ручеци од општинската каса. Воедно градоначалникот се однесува галантно и донира 450 м2 пластифициран лим купен од парите на граѓаните на Карпош за Јавното претпријатие „ЈАСЕН“ и неговиот другар Оливер Андонов. Со овој лим можеа да се заменат азбесните покриви на индивидуални и колективните станбени објекти во општината. Поради сето ова општината на многу пати е блокирана од страна на правни субјекти кои не можат да ги наплатат своите долгови и се приморани да тужат. На крај Општина Карпош исплаќа огромни суми на средства врз основа на изгубени судски спорови, камати и извршител“,вели Вескоски.

Додава дека згаснаа и многу паркови, зелени површини и маалски катчиња во најурбаните населби во Карпош.

„Најубавите населби станаа заробеници на урбаната мафија и бизнис интересите. Пред наши очи згасна џагорот на децата од парковите, а на истото место се издигаат бетонски столбови со неколку илјади станови. Главниот проблем за сето ова е профитерскиот урбанизам кој постепено ги пренамени сите зелени површини и паркови во згради и паркинзи, најпрвин фиктивно на хартија, а потоа и во реалниот простор. Ја уништија животната средина и природа за сметка на скапиот метар квадратен. Неплански како печурки се издигаат нови згради насекаде низ општината, само во населбата Тафталиџе во моментов имаме градба на 25 висококатници. Инфраструктурата и канализацијата на Карпош првенствено не можат да го издржат новото темпо на градба и затоа како последици на таквото дејствување имаме поплави, одрони, испукани улици, огромна загаденост на воздухот во општината, непланско сечење на дрвата, узурпација на парковите, закани према граѓаните и самоволие на Градоначалникот во заминување. Заедно со граѓанските здруженија „Зелено Тафталиџе“, „Ние сме Карпош 4“ и сите други, ќе се бориме до крај, со сите инструменти кој ни се на располагање, ниту педа зеленило повеќе да не се уништи во Општина Карпош. Воедно сакам да напоменам дека нема да дозволиме да се отвараат детски игралишта, а притоа да не се почитуваат ниту квалитетот на градбата ниту безбедносниот сертификат кој мора овие објекти да го исполнуваат. Нема да дозволиме да ја жртвуваме безбедноста на најмладите само заради нечии бизнис интереси. Јакимовски и општината наместо да направат ревизија на новоотворените детски иралишта тие преку соопштенија создаваат некакви конструкции и теории на заговор за некакви саботажи во кој ниту самиот Градоначалник не верува“ вели Вескоски.

Според Вескоски општина Карпош има огромна вина за отровниот воздух кој го дишат жителите.

„Уништија огромен број на зелени површини и неплански подигаа градби со што ја спречија природната циркулација на воздухот. Затоа Општина Карпош стана најзагадената општина во Скопје со висока концентрација на опасните ПМ10 честички, кој што се искачија до 25 пати над максимално дозволенто ниво! Граѓаните со право реагираат и се загрижени за своето здравје и здравјето на своите деца. По промените кој што ќе се случат веќе есенва на 15 - ти октомври се обврзуваме дека ќе го намалиме загадувањето и ќе се заложиме за квалитетен воздух и живот. Ќе направиме ревизија на сите донесени ДУП - ови во последните четри години, а граѓаните ќе ги вклучиме во донесувањето на одлуките каде заедно ќе го штитиме јавниот интерес. Зелените површини и паркови ќе ги обновиме, бидејќи тие се симболот на Општината. Ветуваме, Карпош повторно ќе биде чиста и зелена општина!, смета Вескоски.

Р.Ф


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите