29 Март, 2024
0.0241

Весна Мојсова-Чепишевска: „Од децата прво треба да направиме слушатели, па потоа да прераснат во читатели“

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2021

Добивај вести на Viber

− Не можеме да ги привлечеме децата кон македонски книги кога имаат седум или осум години и си имаат создадено свои навики. Не можеме ниту да ги забраниме мобилните телефони или видеоигрите. Но, тука ја гледам огромната улога на родителот, кој мора малку да се коригира. Ова не е опомена, туку сугестија. Да се врати оној момент на раскажување и прераскажување на приказни или учење песнички. Но, секој од нас мора да најде идеално време, што не мора да биде пред заспивање, кога на детето ќе му се направи навика да му се раскажува, да игра низ приказни и песнички. Вие не можете веднаш да направите читатели, ако прво не направите слушатели − истакна професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Весна Мојсова-Чепишевска на вчерашниот онлајн-разговор што беше организиран по повод Меѓународниот ден на литературата за деца, втори април. Онлајн-настанот го водеше уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, и беше насочен кон состојбата со литературата за деца во земјава, како и кон објавувањето книги за најмладите и како да се поттикнат читачките навики кај децата.

Целиот разговор може да се проследи на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. Професорката Мојсова-Чепишевска го води предметот Книжевност за деца, кој е достапен за сите студенти на Филолошкиот факултет и каде што се анализираат дела наменети за најмладите.
 
− Кога доаѓаат на факултет, студентите се изненадуваат какви сè можности нуди предметот Книжевност за деца. Покрај задолжителните дела, нудиме и дополнителна нова литература. Секоја година се трудам да има нови домашни наслови и соработувам со издавачките куќи. Талентот на големиот писател се проверува најмногу кога ќе направи добра книга за деца. И голем автор за возрасни може да се препне и да не направи соодветна книга што ќе биде наменета за децата. На студентите им нудам листа книги што би требало да ги прочитаат и од таа листа потоа да одберат една книга што ќе ја истражат, ќе направат презентација и ќе ја претстават пред колегите – објаснува професорката Мојсова-Чепишевска и посочува дека студентите не знаат многу за новите домашни автори за деца и се задржуваат, пред сè, на оние лектирни изданија, па затоа смета дека листата со лектири треба да се освежува на две-три години и на децата во 21 век задолжително да им се понудат нови изданија.
 
Таа истакна дека голем број дела за деца, како „Бајки од Македонија“, „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска и  „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска од издавачката куќа „Арс Ламина“, се само дел од книгите што ги обработуваат на предавањата во рамките на предметот Книжевност за деца.
 
Професорката Мојсова-Чепишевска вели дека до пред десет години продукцијата на изданија за деца не била на задоволително ниво, но денес понудата е сè пошарена и побогата, така што има вистински квалитетен избор. Сепак, таа посочи дека домашните автори треба да се ослободат од стегите и да обработуваат теми што се релевантни за денешните млади читатели и воедно ќе се охрабрат да навлезат во теми што сѐ уште кај нас се сметаат и за табу или не се толку актуализирани, (иако) се исклучително битни за самите деца.
 
Целиот разговор помеѓу проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Бисера Бендевска може да се погледне на следниот линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија