29 Март, 2024
0.0246

ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА НАЈАВИ ВТОР ДЕЛ ОД КНИГАТА „ТРОФЕЈ“: Емотивните пораки од луѓето ме охрабрија да пишувам пак

Објавено во: Стил 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Неверојатно е чувството кога добивате безброј пораки во кои луѓето ви кажуваат како се поистоветиле, дека секој напишан збор кај нив предизвикал смеа, солза, радост и тага. „Трофеј“ само ме охрабри да раскажувам и понатаму, затоа е неизбежно да се напише вториот дел

Актерката Весна Петрушевска најави второ продолжение од нејзината автобиографска книга „Трофеј“, која ја промовираше при крајот на 2016 година.

„Време е за втор дел“, напиша Весна на својот фејсбук-профил, откако објави дека нејзината издавачка куќа „Три“ го објави третиот тираж од првиот дел на „Трофеј“.

„Трофеј значи живот,приказна за љубовта која не одржува низ нашето патешествие. Неверојатно е чувството кога добивате безброј пораки во кои луѓето ви кажуваат како се поистоветиле, дека секој напишан збор кај нив предизвикал смеа, солза, радост и тага. „Трофеј“ само ме охрабри да раскажувам и понатаму, затоа е неизбежно да се напише вториот дел, пред сѐ затоа што чувствувам потреба и е неверојатно чувството кога пишувате. Како цела армија на емоции да минува без вас, адреналин, несоница која ја сонувате. Да пишуваш е да постоиш. Поради сето ова ќе има „ТРОФЕЈ 2“, ни изјави Весна.

Во книгата, таа сосема искрено пишува за своите деца, за распаѓањето на нејзиниот брак, за трагедијата што им се случи на нејзините родители, откако куќата до темел им изгоре во пожар.

Целиот текст читајте го на Женски магазин.