Весник објави фотографии од 67 палестински деца убиени во Појасот Газа
Објавено во: Свет 27 Мај, 2021
Израелски весник на насловната страница објави фотографии од палестински деца кои се убиени во конфликтот.
На насловната страница на „Хаарец“ се објавени фотографии од 67 палестински деца и тинејџери кои загинаа во последните судири меѓу Израел и Појасот Газа.
„Ова е цената на војната“, пишува на насловната страница на весникот.
Жртвите се на возраст од шест месеци до 17 години. Вкупно 254 Палестинци се убиени во израелското бомбардирање. Сега е мирно во Појасот Газа, но претходно 11 дена имаше напади. Можно е Израел да биде обвинет за воени злосторства.
Високата комесарка на ООН за човекови права, Мишел Бачел изјави дека израелските напади врз појасот Газа можат да бидат оквалификувани како воено злосторство. Таа кажа дека не добила докази дека зградите кои беа мета, биле користени за воени цели.