Вице Заев го одврза кесето! Плаќа фер цена, колку ќе земат малите акционери во „Герас Цунев“?
Објавено во: Економија 12 Декември, 2024
„Тотал инженеринг“ кој е мнозински сопственик на двете компании (за трговија и конфекција н.з.) „Герас Цунев“ даде понуда за откуп на сите слободни акции по највисока годишна цена за таа акција постигната на Македонската берза. Доколку ги откупи сите акции фирмата на Вице Заев ќе плати 208.500 евра.
Струмичката компанија „Тотал инженеринг“ даде понуда за откуп на сите слободни акции во струмичките компании „Герас Цунев конфекција“ и во „Герас Цунев трговија“, објавено е на Македонската берза за хартии од вредност.
„Тотал инженеринг“ е сопственик на доминанти пакети акции во двете струмички компании кои го носат називот „Герас Цунев“. Во компанијата која во називот има наставка конфекција „Тотал инженеринг“ има 73,3 отсто од акциите, а во сестринската компанија со наставка трговија „Тотал инженеринг“ поседува 73,25 отсто од акциите.
„Тотал инженеринг“ е во сопственост на струмичкиот бизнисмен Вице Заев, кој во јавноста е познат како братот на поранешниот премиер Зоран Заев. Вице Заев, видно од типот на фирмата „Тотал инженеринг“ која е ДООЕЛ, е единствен и целосен сопственик на ова друштво.
Во акционерската книга на двете компании под називот „Герас Цунев“ голем малцински акционер е и струмичанецот Трајче Заев кој е братучед на Вице Заев. Во конфенција Трајче Заев поседува 22,25 отсто од акциите, а во трговија има 22,14 отсто од управувачките права.
Цената што Вице Заев ја нуди до сите мали акционери, вклучително и неговиот братучед, изнесува 310 денари односно 5 евра за акција. Фактичката состојба на берзата покажува дека цената е идентична и за двете компании (конфекција и трговија) и дека тоа е највисока односно рекордна годишна цена постигната со таа акција во тргувањето на Македонската берза.
Калкулацијата на бројот на акции во двете компании покажува дека „Тотал инженеринг“ е спремен да плати вкупно 208.500 евра за сите акции во двете компании. Во акционерската структура на двете компании се појавува Трајче Заев, а има уште по 39 акционери – домашни физички лица и по две домашни правни лица.
Берзанската евиденција покажува дека акцијата на „Герас Цунев“ конфекција нема книговодствена вредност додека акцијата на другата компанија односно трговија вреди книговодствено 15 евра.
Приходот на „Герас Цинев“ конфекција лани изнесувал 34.000 евра, а на трговија 74.000 евра.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.